Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Се одолжува извлекувањето на „Илинден“

Туристичките работници ја лоцираат одговорноста за несреќата во хаосот на охридското пристаниште

ОХРИД - Мешовитата комисија што треба да ги истражи причините за потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, при што се удавија 15 бугарски туристи, од вчера не работи. Се чека да заврши процедурата за избор на фирма која треба да го изнесе на суво потонатиот брод без нови оштетувања. Според неофицијални информации, досега се пријавиле три фирми од Хрватска, Србија и од Швајцарија, а бидејќи се работи за дел од истрагата, фирмата би требало да ја одбере истражниот судија во соработка со надлежните државни органи.

Се дознава дека ќе доцни истрагата, бидејќи судот ќе го чека мислењето и експертизата на мешовитата комисија составена од по тројца експерти од Македонија, Хрватска и Бугарија. Според сегашни процени, поради почитување на процедурата, извлекувањето на бродот може да се случи по четири-пет дена. Постојат повеќе начини за извлекување на бродот од кои дел можат да извршат и македонски фирми, но надлежните се определиле за извлекување со балони, бидејќи таа постапка била најбезбедна. Целта им била бродот без никакви дополнителни оштетувања да се извлече на суво, за да може прецизно да се утврдат елементите на оштетувањата и можните причини за потонувањето. Туристичките работници, загрижени од последните случувања во Охридско Езеро, билансот на загинати годинава е 20 лица, вчера ја лоцираа причината за несреќата во хаосот што владее во туристичката сфера.

„Бугарските туристи немале локален туристички водич што ќе им ја организирал турата во Охрид. Доколку турата била добро организирана во Бугарија и во соработка со локален лиценциран тур-оператор, ваквата несреќа ќе се избегнела. Локалниот водич знае колкави се капацитетите на бродовите и ќе најмел соодветен превоз“, се укажувањата на Стопанската комора за туризам на Македонија.

Тие оценуваат дека пристаништето во Охрид се' повеќе личи на пазариште, каде што има голем број диви превозници кои се пазарат со патниците за колку пари да ги превезат. Животот на луѓето се става на коцка за само 1.000 денари, бидејќи толку чини еден елек за спасување што треба да го поседуваат сите бродови. „За среќа, вакви елеци за спасување имале останатите бродови ’Галеб‘, ’Кристина‘ и ’Александрија‘, кои веднаш помогнале за спасување на бугарските туристи од потонатиот брод ’Илинден‘“, вели Арсение Јаневски. Доколку немале соодветна опрема за спасување, несреќата можеше да добие сосема друга димензија. Тие додаваат дека о��аа несреќа е предупредување за понатака да се преземат сите неопходни мерки за заштита на патниците.

Недоволната контрола и неизрекувањето санкции за оние кои не ги почитуваат законските прописи се само дел од недостатоците што го сочинуваат туристичкиот мозаик во земјава. Поради тоа, туристичките работници бараат формирање посебна туристичка инспекција, која ќе го контролира квалитетот на услугите што се нудат.

„Пазарната инспекција и локалните инспекциски служби имаат надлежности, но не и познавања во оваа област. Не може инспектор кој брка фискални сметки на плажа да се грижи и за нивото на туристичката понуда. Мора да постои сојузна туристичка инспекција која ќе има овластувања да ги следи состојбите со туристичката понуда“, вели Арсение Јаневски.

Во Охрид владее хаос. Нема контрола на туристичката понуда, а правилата на игра се нарушени, сметаат првите луѓе на Стопанската комора за туризам. Познавачите на состојбите во туризмот укажуваат на странските искуства, каде што однапред се знае маршрутата на туристите, која е добро организирана од страна на лиценцирани агенции. Кај нас секој може да организира тура на диво.

„На патот каде што се случиле три несреќи веднаш се оценува како црна точка во сообраќајот. Охридско Езеро има 20 црни точки, односно 20 гроба годинава. Со нашата иницијатива сакаме да спречиме Охрид и езерото да станат црна точка во земјава“, беше потенцирано на вчерашната трибина. Туристичките работници, меѓу другото, ги пренесоа и искуствата од Света Гора, каде што целата контрола на турите и продажбата на влезници за бродовите е во рацете на капетанијата во гратчето Уранополи, единственото место на Света Гора на кое е дозволен престој на туристи.

„На Света Гора точно се знае колку карти се продаваат, колку спасувачки чамци и елеци има на бродот кои се спакувани во специјални комори. Капетанијата е таа која продава билети за патниците. А, овде секој продава колку што сака и има врвулица од диви возачи. Инсистираме да се воведат норми во оваа сфера“, велат од Стопанската комора за туризам.

Претседателот на Комората, Емил Димитровски, вели дека имаат изготвено правилник за општи услови за патување, кој планираат да го достават како предлог до сите надлежни институции во земјава. (Д.Т.-С.И.)

 


#
Статијата е прочитана 429 пати.

Испрати коментар

Од: pustete go od pritvor kapetanot na brodot
Датум: 11.09.2009 05:20:58
Mladiot kapetan na brodot vednas da se oslobodi od pritvor zatoa sto voopsto ne e kriv. Deckoto nitu piel nitu vozel pijan. Iako bil 23 godisen toj sepak imal golemo iskustvo za vozenje takov tip na brod i prema toa nema zasto da go pritvoraat. Ako mu se sudi togas neka se brani od sloboda a ne da go zatvaraat kako tezok kriminalec. Se raboti za nenanerna nesreka a ne za smisleno ubistvo i zatoa ne treba da bide vo pritvor. Deckoto i onaka preziveal traumi i nesto sto nikoj ne go posakuva pa uste i vo pritvor da bide. Kako kapetan na brodot i kako obicen covek toj hrabro se borel da spasi nekolku zivoti i vo momenti na opsta panika pri potonuvanje na brodot toj nesebicno pruzal pomos. Tragicno i zalno e za onie sto gi izgubija zivotite i socuvstvo za niv no i kapetanot e covek za koj treba covecki da razmisluvame. Ne pamtam vo svetot vo nekoja avionska ili brodska nesreka ako pilotot preziveal da bil pritvoren. Segde na zapad za nesreken slucaj ne se lezi zator tuku se kaznuva paricno.
Од: читател
Датум: 11.09.2009 09:22:45
Капетанот треба да одговара за пренатовареност на бродот, зошто сите по трка за пари не размислуваат кави последици носи тоа. Сите сакаат да се збогатат преку ноќ и ако така се постапува без казна за ризикот што се прави на штета на туги животи тогаш хаосот и натака ке продолжи.
Од: Kire
Датум: 11.09.2009 11:04:47
ЈАВАШ, јаваш ... Од капетан на брод, па Охридска капетанија па се до Министерство за транспорт и врски. А дали само во тие институции е така ??? Нееее. Лани видовме со хеликоптерот, а утре...?

Најди! во Утрински
Политика
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
АРМ реагираше на обвинувањата на „Тајмс“ за македонските мировници
Клириншкиот долг на Албанија кон СФРЈ - 20,7 млн. долари
МНР потрошило милионски суми на невселени амбасади
Јовановски не реагирал за случајот „Детергент“
Општините ќе имале полза од помалиот ДДВ за становите