Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3449

Дора Бакојани и Мара Попара во нашиот парламент

Пратеничката Анета Стефановска привлекува внимание со интонацијата, специфичниот говор и со гестикулацијата

Оливера Војновска

„Госпоѓо Дора Бакојани“! „Госпоѓо Дора Бакојани“! Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефановска, завчера во Собранието за време на расправата за Извештајот на европската комисија, неколку пати го изговори името на поранешната шефица на грчката дипломатија. Но, да нема забуна, не се случило некакво чудо - Бакојани ја немаше во македонскиот парламент. Стефановска вака му се обрати на својот колега, пратеникот од СДСМ, Игор Ивановски. И не само на Ивановски. На истиот начин таа и' се обрати и на својата сограѓанка, битолчанката Весна Бендевска, убедена дека таа и Ивановски „ги штитат интересите на Атина“.

Пратеничката Стефановска вели дека на социјалдемократите им се обраќала на таков начин, бидејќи била револтирана од нивните критизерски и неконструктивни настапи. „Дискусиите на пратениците од СДСМ беа спротивни на интересите на Македонија и тоа сакав да им го кажам во симболична смисла“, ни рече таа. Потоа направи споредба со настапите на парламентарците од СДСМ и на оние од ЛДП. „Видете како настапуваат СДСМ и какви се нивните дискусии - само критикуваат. Никогаш не настапуваат со аргументи, туку постојано навредуваат. И пратениците од ЛДП Роза Топузова-Кареска и Андреј Жерновски се остри во дискусиите, имаат жестоки настапи, но од нив никогаш не сме слушнале навреди и омаловажување. Затоа така им кажав на Ивановски и на Бендевска, како опомена за да се поправат“, додава Стефановска. Според неа, гледајќи го однесувањето на сите пратеници, во дрскоста и ароганцијата предничела Бендевска. „ Мислам дека Весна го носи бајракот, ама тоа е нејзиниот стил“, ни вели таа. Напоменува дека нема ништо лично во релациите со Бендевска и дека имаат сосема нормална комуникација надвор од собраниската сала. „Ние не сме во лоши односи, се сретнуваме и во Битола и во Собранието, комуницираме и понекогаш пиеме кафе“, додава Стефановска.

Според Бендевска, која во настапот на Стефановска ја препозна Мара Попара (од некогашната популарна хумористична серија на Македонското радио „Хихирику“ на Иван Карадак), границите на убавото однесување ги поминала токму Стефановска. „Не само со мене, таа се расправа со сите пратеници. Не може да се спротивстави со аргументи, нема што да каже и тогаш напаѓа. Мислам дека во прашање е домашно воспитување, јас веќе воопшто не комуницирам со неа“, ни рече Бендевска. До неодамна се поздравувале, но по една собраниска комисија за пописот, решила да ја игнорира. „На седницата на Законодавно-правната комисија имав повеќе реплики, а таа изгледа немаше трпение да слуша, па и' рече на пратеничката Благородна Дулиќ:’ Исклучи ја, да не станам да ја исклучам засекогаш! ’ Тоа навистина изгледаше многу примитивно“, вели Бендевска.

Пратеничката Стефановска го привлекува вниманието со репликите во парламентот најмногу поради интонацијата, специфичниот говор и гестикулацијата.

За време на собраниската расправата за смена на спикерот Трајко Вељаноски, Стефановска имаше оригинално обраќање кон шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова: „Мајко, сопруго, бабо, свекрво, што е проблемот со тебе, што е таа агресивност да тепаш мажи по Собранието како координаторка на пратеничката група“.

Пред неколку месеци ја посоветува претседателката на Советот за евроинтеграции, Радмила Шекеринска (која тогаш беше во поодмината бременост): „Доста збориш мори, оди раѓај!“

На седницата посветена на интерпелацијата на министерот за финансии Зоран Ставрески, на пратеникот Горан Минчев од СДСМ му препорача: „Почитуван колега, за ваков говор се оди на алко-тест, еве дури работи амбулантава овде. Или, пак, треба да мислиме дека во Собраниево, не дај Боже влегол дворски шут“!

Експремиерот Владо Бучковски од СДСМ во една пригода од говорницата констатира дека е беспредметно да и' реплицира на Стефановска. „Несреќо една! Што да реплицирам со тебе. Па, ти не знаеш дали британскиот амбасадор е машко или женско“, и' рече Бучковски, потсетувајќи ја притоа на гафот со поранешниот британски амбасадор, Ендру Ки. Имено, Стефановска во една реплика до Иванова ја обвини опозицијата дека ја кодоши власта кај странски дипломати: „Вие ја кодошите Владата кај британската амбасадорка“!


#
Статијата е прочитана 5264 пати.

Испрати коментар

Од: suada
Датум: 01.12.2010 12:06:29
taa e zenski amdi bajram. samo da se ofarba vo crno.
Од: Обсервантес
Датум: 01.12.2010 12:15:55
Треба да се смени моделот за избор на пратеници во Собранието и да се премине на мнозински систем на избори. Сега гласаме за листи предложени од партии, а не за кандидати. Избирачот го нема пред себе кандидатот да оцени дали е способен за да биде пратеник, туку гласа на невидено. И секако да се намали бројот на пратеници на максимум 90.
Од: забеган.
Датум: 01.12.2010 12:18:23
Поголеми Циркузанти од Вмлоските пратеници нема.Може да им позавидат и од циркусот МЕДРАНО.Сироти се залутале без своја вина.Толкав ли бил изборот вероватно,Штом овие дошле до израз.
Од: m
Датум: 01.12.2010 12:36:07
lele se iznasmeav pa i vakvi pratenici li imame hahhaa . neznae dali ambasadorot e masko ili zensko hahaha
Од: Ја
Датум: 01.12.2010 12:36:10
За жал толкав е менталниот склоп на пратениците од владејачката партија.Покрај трескање глупости како во нашиот парламент еве сега не обрукаа и пред Европскиот.Но за нив има само една констатација а тоа е дека се само КЛИМОГЛАВЦИ на она што ќе им го каже фирерчето.Белки ќе има побрзо избори па да се прочисти оваа парламентарна лакрдија.А истовремено го замолувам Среќко да ни напиши колку изнесува IQ на неговите пратеници (веројатно е блиску до она на Буш ама од долна страна).
Од: vaga957
Датум: 01.12.2010 13:24:57
Едноставно ЦИРКУС, та и едните и другите си ја покажуваат некултурата.Треба да се има кодекс на однесување но, и на облекување.
Од: Dilan
Датум: 01.12.2010 13:43:14
zenata si nasla lebce(2000-4000 evrica per mouth)pa pisuvajte vie komentari ako nemate popametna rabota!
Од: duks
Датум: 01.12.2010 14:06:07
dobro be majkumu ima li ovaa semejstvo da i kazi da ne se glupira i neka naquci da se sminka ednas
Од: marjan.pp
Датум: 01.12.2010 14:14:58
koga ja gledam stefanoska mislam deka gledam mapet sou,da znae kolkav i e Q ke se skapui placenje
Од: Трпе
Датум: 01.12.2010 14:19:16
Прост народ,држава за никаде.До кое дереџе ја доведоа земјата.И самиот господ треба во нив да се крсти.Но народот што си има изгласано и тоа ке си го трпи.
Од: jovan
Датум: 01.12.2010 14:24:22
Koga ke vidis koj se e vo parlamentot ,svatis zosto ni e takva drzavata.M i z e r i j a i beda.
Од: Marija
Датум: 01.12.2010 14:34:02
Кога оваа е во Парламент - нема разлика помеѓу неа и банана државата.Браво Македонија - напред со ваквите кадрови....
Од: Мара Попара
Датум: 01.12.2010 14:34:51
Да и се каже на дотичната дека е Мара Попара,е голем комплимент!
Од: Partiski neopredelen
Датум: 01.12.2010 14:48:22
Dvete parlamentarki od Bitola ne gi poznavam lichno, no g-za Bendevska sum imal prilika da ja zapoznam od rastojanie od dva metra koga na patot Skopje-Gevgelija, pred okolu 6meseci nedaleku od poslednata naplatna stanica, so svojot avtomobil vozeshe po levata lenta i ne mi dozvoluvashe da ja pominam i pokraj svetlosnite i zvuchni signali, a koga konechno se smiluva da me pushti na mojot pogled da vidam koj e toj nekulturen vozach ja prepoznav pratenicjhkata Bendevska, koja me udostoi so krevanje na sredniot prst . Arogantnost i nekultura od najdolen vid od g-za koja saka drugite da gi omalovazuva za nekultura i primitivizam!
Од: Koljo
Датум: 01.12.2010 15:18:23
Ja razbiram frustracijata na Stefanovska. Clenovite na SDSM na zalost nemaat druga ideja osven da ponizuvaat, da kocat, da sirat kavgi i paniki. Namesto da se borat za napredok, na zalost se borat za sto podolgo stoenje mirno, po interes na grcija za podolgo vlijanie pri neclenstvo vo organizacii za pritisok za izmena na Makedonski identitet. Novinarite gi molime da bidat objektivni, da odbiraat strana, da reportiraat i za SDS-vregjanja koi gi ima daleku povekje.
Од: asterix
Датум: 01.12.2010 15:27:47
Primitivizam i dno na edna (ne) kultura, so bi rekle Skopjani SELJACANA
Од: кактус
Датум: 01.12.2010 15:43:00
Така ти е кога дошла за пратеник по лепота.
Од: крис
Датум: 01.12.2010 16:06:17
не знаев која е Анета Стефановска, ама сега ја ОБОЖАВАМ!
Од: mihajlo
Датум: 01.12.2010 16:06:43
Mislam deka ovaa spodoba od pratenik nee slucajno vlezena vo parlamentot.Znaete koga se raboti za ozbilni drzavni raboti kako sto e parlamentot,mora da postoi odreden stepen na relaksiracki momenti za da ima moznost i prisatnite da se psihicki malku odmorat.Vo idnina mozebi nee na odmet ovaa licnost narocno da se provocira i nejzinite nebulozi da ostanat vo secavanje,kako sto svoevremeno imase eden pratenik(sega pokoen),mi se cini deka i prekar dobi"vrapceto".Samata pojava na govornica nie ocekuvavme nekoj biser.Ovaa osoba pokraj Amdi e potrebna i treba da se "neguva" a ne da se napadja.Napred diploirana pravnicke,nemoj sudbinata da me dovede po nekoja slucajnost ,Ti da me branis na sud.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.12.2010 17:04:49
Дотичната г-ѓа погрешила во полот но не и во одсликувањето на никаквото однесување кон сопствениот народ и држава.Требала да извика : КИР Мицотакис,или Кир Караманлис или Кир Друцас и да нередам повеќе,доста се и овие.
Од: todor
Датум: 01.12.2010 17:07:59
Смешно и жалосно, но што да правиме кога ние македонците сме тупи и глупи па на овие две партии им го даваме газот пардон гласот.
Од: Petko
Датум: 01.12.2010 21:21:46
Sto se cudite za odnesuvanjeto na samobendisanata pratenicka Stefanovska , eve se vide i go vide cela Evropa odnesuvanjeto na Djorcev vo Brisel koj bes sram i mislam so nikakva kultura go napadna gospodinot Fuere. Od vakvi li pratenici barame da nosat dobri zakoni.
Од: komentator
Датум: 01.12.2010 21:52:28
А каде е Мара Попара пак да не смее. Каде се тие глумци, само тие ни останаа, другото е трагедија.
Од: pravda
Датум: 01.12.2010 23:14:17
E koga Feliks ke pocne da zboruva za patriotizmot kosata mi se kreva na glavata,pa ti li be jorgan junaku ke izigruvas patriot,imali vo tvoeto semejstvo barem eden junak koj vo 2001 zastana na branikot na drzavata,da ne te znaev ke pominese so ovie tvoi trikovi ama Srecko koga za ovaa drzava se leese krv ti se soncase vo Grcija,zatoa zamolci i raboti si ja rabotickata sto ti ja dadoa tvoite a mozebi koga ke se smeni vlasta ke pees druga pesna,po toa si poznat
Од: goran SAD
Датум: 02.12.2010 00:29:56
Ziveam i rabotam vo SAD i sum visoko educiran covek i koga od ovaa perspektiva ke vidam vakvi raboti mi izgleda mnogu JADNO. Pa uste im dozvoluvate na vakvi politicari da vi solat pamet. Jas ovaa gospogja ne bi ja stavil ni na zelen pazar da prodava piperki, a ne vo politika.
Од: Do Goran od USA
Датум: 02.12.2010 05:58:34
Se soglasuvam so tvojot komentar 100% no zosto se falis deka zivees vo USA i deka si visoko educirana persona, toa malku mi dokazuva deka mozebi i ne si. Blagodaram
Од: cobe
Датум: 02.12.2010 06:32:33
Ovaa pratenicka jas ne bi ja pustil vo Sobranie da cisti..... a ne pratenik da bide.......
Од: Pero Krsteski
Датум: 02.12.2010 08:27:32
I preporacuvam na Aneta do kraj na mandatot da ne se javuva za zbor. Da si mol;ci, sobira paricki i da si go gleda kejfot. Taka ke bide neprimetna i podobro za nea.
Од: pero
Датум: 02.12.2010 08:46:07
provincija. toa ti e, so isklucok na nekoi :)
Од: toni
Датум: 02.12.2010 09:56:36
gledate sto se slucuva vo brisel pa tie vlasta pocna sekade da ne brukat pa sto da receme za nasiot parlament toa ni e nivoto nivno tolku im e domasnoto vospituvanje pa vo nedostatok na argumenti i nemajki resenija pocnaa da navreduvat sekogo sto nema isto mislenje so niv!!!

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Катица Чангова
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Наум Котевски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Јошка Фишер
Интервју
Љупка Наумовска

Без зборови по концертот на „Мизар“

ЕРИН БЕРИ
Немав афера со Тони Паркер

Џенифер Лопез
Тужба за бившиот сопруг поради секси филмчето

 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society