Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Атина бара објаснување од САД за Рикер

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грција побарала објаснување од САД за изјавата на американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер, со која се дава поддршка за решение на спорот за името со двојна формула, кое директно се коси со грчкото барање за име за општа употреба, односно ерга омнес. Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, вчера истакна дека и покрај шпекулациите за тајна дипломатија, сепак, преговарачкиот процес се одвива исклучиво директно меѓу преговарачите од двете држави, во рамките на Обединетите нации и со помош на Метју Нимиц. Затоа, изјави тој, коментарите од други држави, кои не се директно вклучени, понекогаш само го отежнуваат процесот.

„Изјавите што се надвор од рамките на преговорите не му помагаат на преговарачкиот процес. Не знам која била целта, ни врските на амбасадорот Рикер за да ги даде овие изјави. Ние побаравме објаснување од американската страна за основата и за причината за дадената изјава“, истакна Делавекурас.

Портпаролот на грчкото МНР потврди дека најверојатно ќе биде остварена средба меѓу премиерот Јоргос Папандреу или заменик-министерот за надворешни работи, Димитрис Друцас, со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН. „Ние сакаме и ќе се потрудиме да договориме ваква средба“, изјави Делавекурас, додавајќи дека доколку премиерот Никола Груевски е во Њујорк, веројатно ќе има средба и со него. Беше потенцирано дека грчката страна сака вакви средби и смета оти се неопходни за да се подобри климата за решавање на спорот иако, како што велат, Владата во Скопје се' уште не прави никакви чекори за да се придвижи процесот кон дефинитивно решавање.

Од грчкото МНР повторуваат дека веќе на сите им е позната решителноста на Грција да се најде решение за спорот, но оти грчката страна не може да направи ништо доколку Владата во Скопје не покаже конструктивен пристап во преговорите. Грција инсистира Владата на Груевски да покаже придвижување и заинтересираност за да се најде компромис за спорот што трае веќе две децении.

„ФИРОМ е на крстопат кон својата иднина во НАТО и во ЕУ и многу брзо може да си го осигура влезот во Алијансата и да го забрза пристапниот процес во Унијата. Меѓутоа, со сегашниот став на Владата во Скопје не гледам шанси да се случи нешто такво“, изјави Делавекурас, дополнувајќи дека нема да се измори да повторува оти е потребно Владата во Скопје, конечно, да направи чекор напред кон решавањето на долгогодишниот спор.

Делавекурас ги негираше медиумските сценарија оти е веќе договорено името „Вардарска Македонија“ и дека ќе дојде до решавање на спорот веднаш по локалните избори во ноември во Грција. Напротив, нагласи дека доколку македонската страна се однесува позитивно во преговорите и се согласи за компромисно решение, тогаш Грција би била среќна уште утре да се најде решение и да се стави крај на спорот. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 3532 пати.

Испрати коментар

Од: risto
Датум: 03.09.2010 00:03:01
brvo za g-not RIKER,covekot ima doblest, da zivee AMERIKA da zivee MAKEDONIJA .
Од: kris
Датум: 03.09.2010 00:09:00
vika: "izjavite sto se nadvor od ramkite na pregovorite" koga toa grcite go stavija jazikot, identitetot i ustavot vo ramkite na pregovorite???
Од: kumanovac
Датум: 03.09.2010 01:18:28
pa ako bide(a nema da bide)VARDARSKA MAKEDONIJA,togas ke mora da ni go vratat i delot sto ni go ukradoa posto VARDAR SE VLEVA DURI ISPOD SOLUN.epa ako sakate da ne krstite vardarska ke mora da ni dadete da bideme do ulivot na vardar.ako e vardarska bar celoto negovo tecenie da bide u nasa teritorija a grci?
Од: КОЛЕ
Датум: 03.09.2010 01:29:59
Сакам и јас да ми објасни амбасадорот што сакал да каже. Т.е. да го повтори тоа што го кажа. Некако не и се верува дека е сигурен во кажаново. Инаку, навистина не гледам некакво друго решение освен предложеново. Кој може да не натера да го смениме Уставот без војна? Грциве сигурно не. Само на албанциве им тргна од рака ;-)
Од: Albanec
Датум: 03.09.2010 01:39:49
Objasnuvanje barat i Albancite vo Makedonija. G. Riker spored moe mislenje treba da bide zamenet so drug prestavnik vo Makedonija, se gleda deka ne go biva. Nie Albancite insistirame ustavot da bide izmenet i ke mora da bide izmenet, inaku vaka en ke moze da se prodolzi poveke, mora nestata da bidat po jasni vo zemjava, sakam da kazam, mora da se znae tocno koj se ustavnotvorni narodi na zemjata.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 03.09.2010 06:37:32
Vardarska Makedonija e prifatlivo i logichno ime za nashata drzhava, Makedonija nema alternativa, kako shto go smenivme znameto, isto kje go smenime i imeto, pokasno ili porano. Makedonija bil odsekogash geografski poim, a toa nashite istorichari nema da uspeat da go pretolkuvaat.
Од: Patriot
Датум: 03.09.2010 08:23:33
A so bi bilo grcistata da gi prodolzat pregovorite samite sebe ??? - Neka go menat oni nivnoto ime vo : Okupirana Makedonija, Makedonija1913, Makedonija Atina,......
Од: NIKI
Датум: 03.09.2010 08:49:46
Дали Далаверер курас Бара објаснување за: „Изјавите што се надвор од рамките на преговорите не му помагаат на преговарачкиот процес.“ и „која била целта“ на „амбасадорите кои доаѓаат во Македонија со барања за промена на името, иако се свесни дека тоа „директно се коси“ со македонското барање за неменување на Уставното име и со сите меѓународни правни норми?!!! Или за Македонците важат други правила? Не Македонија е суверена држава и има еднакви права и обврски како и Грција. А јас су еден од среќните Македонеци кој имал прилика за целиот свој живот да живее во држава на Македонците, да слободно зборува, учи школо на Македонски јазик, слободно да пришува пее и размислува на Македонски (за разлика од генерациите кои живееле милениуми под робство или за разлика од Македонците во соседните држави). Уживајте во Македонија, спротиставете се на силувањето.
Од: makedoncinja
Датум: 03.09.2010 09:42:55
Ve tapkaat po ramo samo, ke dojde DENOT "D" da Makedonija glasa protiv srbija vo ON. Ako do togash ne se napravi napredok so GR, ova ke ispadne JALOVA RABOTA. Makedonija ima sea 2min. Na poteg e Pastirot... pozdrav
Од: mihajlo
Датум: 03.09.2010 09:53:12
Izjavata na g.Riker e mnogu jasna i cista.Me cudi sto na Grcija ne i e jasna.Obicniot Makedonec celo vreme se zalaga za "takanarecenata" dvojna formula.Zasto politicarive toa eden period go trgnaa na strana,ne mi e jasno.Mislam deka Gruevski celo vreme potajno ja plasira ovaa varijanta zad koja sega zastanaa i Amerite.Prasuvam glasno,dali i ovojpat Grcite ce im svrtat grb na Amerite? Ako toa go storat moe skromno mislenj e deka Grcija otide pod stecaj.Grcite "obrukaa "eden Pretsedatel.Tesko ce bide duri i za niv toa da go storat po vtor pat. Albanec: Federalizacija e tvojot predlog.Malku morgen.
Од: Filip-makedonski
Датум: 03.09.2010 11:11:20
Dali nametnat problem mozi da se reshi,i dali imame nie nekakov problem so nasheto ustavno ime,sekako deka nemame .Shto se odnesuva do Riker so negovata izjava ne e nishto novo ,toa e stavot so koj bi mozelo da se reshi taka kazaniot problem.No sepak na nekoi vo Makedonija shto ne im se dopagal ustavot i baraat promena za da se dokazalo koj e drzavnotvoren narod ,navistina e absurd.Ustavot ke se promeni so vrakjane na stariot ustav i toa vo skoro vreme ke se desi toa ,kade shto malcinstvata ke bidat isto taka vo ustavot no ne i kako ustavotvoren narod.
Од: eu
Датум: 03.09.2010 11:30:50
izjavata na riker nisto ne menuva nit tezi....sekoja clenka na eu ima pravo da uslovuva znaci koga togas mora da prifatime pridavka ili ako gi nalutime grcite celosno da ni zabranat imenka makeodnija togas ce se slikame kako nacvija..............ionaka cel svet znae toa e nivno ima................
Од: maka
Датум: 03.09.2010 11:40:31
Do kultiviraniot balkanec. Balkan e poluostrov, a na nego ima poveke drzavi. Zaminii vo koja sakas, a nas makedoncite ostavi ne da se" prpelame vo pepelta.". Ne sme nie tolku" kultivirani", pa ne sme ti drustvo. Baraj si "kultivirani, evropejci"., i ne se zamaraj so prostacista kako nas. Gledas ne sme ti nivo
Од: Ohrid
Датум: 03.09.2010 13:47:29
Gospodinot Riker ima pravo d a dava komentari i predlozi zasto zivee vo sredina vo koja problemot so imeto e sekojdneven kosmar za Makedonskite gragani,i negoviot komentar e so mnogu pogolema vrednost zasto,zad nego kako del od institucija Abasador na SAD toa e so validnos na izjava od SAD, a jas bi dal i vakov predlog koga vece Grcite tolku se deklariraat deka tie se Makedonci nemam nisto protiv grcija da se preimenuva vo Republika Makedonija a toga nas ni ostanuva mnogu pogolem izbor ,za naseto ime da receme Ortodoksni Makedonci, a za Albancite vo Makedonija ja imaat preterano neka pobaraat repulika ili ustavotvoren narod vo ramkite na SAD
Од: Pero
Датум: 03.09.2010 15:21:53
jas mislam deka grcija (namerno so mala bukva) treba da napravi cekor nazad za da dojdeme do dogovor. Covece, kako moze nekoj da mu smeni ime na bilo kogo. Pa toa bilo vo Albanija za vreme na Enver. Odi covek koj saka da go krsti deteto Olja, sluzbenikot ( vo slucajov grkot) mu vika deka Olja zvuci premnogu Ruski. Mu veli mozes da biras megu Oli ili Oriola. NON SENS!!!!!!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Билјана Ангеловска
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски

Верица Пандиловска
Во август и во септември јадам само смокви!