|
|
|
|
|
|
ИФИМЕС: „ВМРО-ДПМНЕ нема да составува влада“
Прогноза на Меѓународниот институт за блискоисточни и за балкански студии
Меѓународниот институт за блискоисточни и за балкански студии со седиште во Љубљана, ИФИМЕС, вчера објави анализа и изборна прогноза пред гласањето на 5 јуни во Македонија. Во опширната анализа се вели дека „во последните пет години по доаѓањето на власт на Никола Груевски нема напредок во евроатлантските интеграции“. Изборите се клучни за Македонија, се додава, бидејќи ќе го одредат правецот дали ќе се движи кон Европа или ќе се враќа кон антиката.
„Во првите десет дена од кампањата е видливо дека само владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат пари и дека трошат милиони државни пари за сопствена промоција. Агресивната кампања е знак за голема нервоза кај владејачката коалиција и таа е свесна дека ја губи основата под нозете и го употребува целиот расположив арсенал против опозицијата“, се вели во анализата.
За сторијата на А1 за гласање според списоци и под притисок се вели дека е скандал од огромни размери што во нормална држава ќе резултирало со оставка на Владата.
Во последните три години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Албанците се мртва буква на хартија, вели ИФИМЕС и додава дека ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година се плашела дека ДУИ ќе им ги загрози плановите при владеењето, но подоцна се покажало дека ДУИ е волк во јагнешка кожа. Прогнозите се дека Нова демократија на Имер Селмани нема да постигне важен резултат, а дека партијата на Руфи Османи се појавила предоцна за да ја загрози ДУИ, која и натаму ќе биде најсилен фактор кај Албанците.
Во однос на спорот за името ИФИМЕС вели дека во светот има многу региони што носат исто име, а им припаѓаат на различни држави, па не претставуваат безбедносна закана, како што стравува Грција од Македонија. „Се очекува Македонија да истрае во одбраната на своето уставно име Република Македонија, при што од исклучително значење е партнерството со САД и фактот дека повеќе од 100 држави ја признаа Македонија под уставно име“, се вели во анализата. Меѓународниот институт ИФИМЕС очекува ЕУ и САД да извршат дополнителен притисок врз Грција за брзо решавање на прашањето за името.
Аналитичарите оценуваат дека сегашната Влада е најслаба од прогласувањето независност, вели ИФИМЕС. „Меѓународниот институт ИФИМЕС смета дека новата влада во Македонија ќе ја состават повеќе македонски и албански партии, без учество на ВМРО-ДПМНЕ во неа“, се вели на крај. (П.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1153 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Marshalov napad |
Датум: 01.06.2011 01:10:56 |
|
Vo nedostig na potkrepa od domashni agencii, osven Progres, se aktivira megjunarodnata (Nadezh) za da go vrati vo zhivot "chovekot", najgolemoto zlo shto voopshto mozhelo da ja snajde samostojna Makedonija. No, za srekja nema da mozhe pak da ni oktroiraat vlast odnadvor... narodot Makedonski ke reshi, a toj konechno e osloboden od stravot od kontinuiranoto nishtenje odnadvor i odvnatre, znae koj e i shto e, i koja opcija ke ja izbere na 5 juni. A1 ne e Makedonija, a ushte pomalku makedonska sudbina! |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 01.06.2011 02:23:54 |
|
I vo minatoto isto tvrdea. Pa sto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 01.06.2011 02:28:38 |
|
Se cudam kako vo Ljubljana im e jasno koj ke pobedi na izborite i ke sostavuva vlada,a na Vladimir Bozinovski od ovde ne mu e ocigledno i jasno.Ama krvta voda ne biduva.Nema Vladce protiv svoite da odi,oti usite ke mu istrgnat.Vistinskite,tajnite anketi i rejtinzi ima pravo samo partijata pod najstroga tajnost da gi znae.A ovie so 3:1 prednost za VMRO,toa e radi umetnicki dojam i da imaat Latas I ona zmijceto Ivona sto da tropaat na Sitel. |
|
|
|
|
|
|
Од: сеуште нормален |
Датум: 01.06.2011 09:17:18 |
|
Веќе не станува збор за рејтинг ова-она, туку драги пријатели за опстанок. Не е така едноставно како некој тоа милува да го прикажува. Овој тероризам во државните установи мора да престане, а тоа ќе се случи кога законот повторно ќе почне да важи за сите после 5 јуни! Така да овој режим е готов во секој случај а овие малтретирања со коментарите од некакви умислени ,,маршали,, - гитла! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 01.06.2011 09:49:34 |
|
Pa ne kazuvaat nisto sto ne bi bilo vozmozno, sto i nie samite ovde go gledame i znaeme.Znaeme deka se e mozno i deka pobednikot e neizvesen. VMRO e srozeno do dno, duri i samite si se svesni deka opcijata za poraz ne e taka mala.Toa sto glumat deka se sigurni e"moralno",uostalom site tvrdat deka ke pobedat.(duri i Ljube Boskovski tvrdi).VMRO veke mnogu odamna se otkazaa od rezultatite 3:1, eve se otkazaa i od 62 pratenika, a veke se svesni deka i porazot im visi nad glava kako moznost. Ova se posledni obidi(ocajni) da ubeduvaat po mediumive deka bile sigurni vo pobeda. Za zal, ni samite ne se veke sigurni.Vo sledniot Parlament,malite partii i Albanskite partii ke odigraat golema uloga kako ke se rasporedat silite,bidejki pobednikot(koj i da e)nema da pobedi so ubedliva razlika,pa i te kako ke mu trebaat glasovite od ostanatite.Togas mozni ke bidat sekakvi"kombinatoriki". |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 01.06.2011 11:04:54 |
|
Ова е мислењето или анализа на креаторите на НАДЕЖ,познати се по потрефувањето на богами многу изборни процеси тука каде нас.Секогаш тоа потрефување излегувало наопаку,па можеби многумина симпатизери на власта навистина би се загрижиле ако речеа да власта по петти пат ќе извојувала изборна победа.Тогаш дури и власта би се успаничила, вака значи да тие сигурно победуваат кога ваквакви прогнозери ги предвидуваат нештата. |
|
|
|
|
|
|
Од: Regan |
Датум: 01.06.2011 12:30:26 |
|
Објавувањето на оваа “прогноза“ има само една цел - да го зацврсти доприносот на Утрински весник во антикампањата кон сегашнава влада.Не беше доволна “Надеж“ и еве сега некој институт со “Прогноза“.Ако вака продолжи сдсм ќе мора да зема уште кредити. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojko |
Датум: 01.06.2011 14:47:53 |
|
Jas redovno citam Utrinski i ponekogas davam i komentari - i toa za razlicni temi, no ima tuka nekoi koi se mnogu aktivni pred izbori, i toa samo za vnatresna politika. Indikativno, neli Feliks? |
|
|
|
|
|
|
Од: bezanec |
Датум: 01.06.2011 18:34:09 |
|
До USA! Срамота и не достоинствено е да употребуваш едно име на држава која е демократска главен подржувач на Македонија,тоа е доказ за немање на елементарна култура. |
|
|
|
|
|
|
| Си велам | | |
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|