|
|
|
|
|
|
Срамно интервју на Груевски за Б-92
Наум Андонов
Пред неколку дена можевме да го видиме интервјуто на премиерот Груевски за српската телевизија Б-92. Искрено, се изненадив кога видов дека премиерот прифатил интервју, а тоа да не е со стандардните водители каде што Груевски гостува во овие 4 години - Јанко, Миленко или Латас. Ми падна чудно затоа што навикнавме да го гледаме само кај едни исти луѓе, како надолго и нашироко одговара на договорени прашања. Сега тоа не беше случај. Сега Груевски беше оставен сам на себе, да се снаоѓа во одговорите на прашањата што не му се познати. Се чудам како Протуѓер можел да договори такво интервју, знаејќи дека неговиот шеф може да се снајде само кај своите новинари.
Интервјуто беше многу смешно. Премиерот одговараше како средношколец на испрашување кога наставничката го прашува зошто не научи за денес, а тој и вели зошто да не научам. Оној Груевски, кој велеше дека одговара повеќе од десет минути затоа што имал што да каже, сега не можеше да скрпи две реченици за да одговори повеќе од една минута. Поради маратонските интервјуа кај Јанко и кај Миленко сега не можеше да се снајде. Срамно за еден премиер. Сето она што со саати многу години го зборуваше кај своите новинари во договорените интервјуа, сега за само триесет минути успеа да го уништи. По интервјуто на В-92 Груевски не може да го спаси ниту Миленко ниту Латас. Јас како граѓанин сум разочаран од премиерот Груевски и дури сега (за жал) разбрав дека сум бил во заблуда дека Груевски е вистинскиот избор за лидер на нашата држава.
Јас како граѓанин чувствувам обврска да одговорам на неодговорените прашања на премиерот и да го потсетам малку премиерот дека и тоа што го одговори не е баш така како што мисли тој. На прашањето дали медиумите во Македонија се под притисок, премиерот и' рече на новинарката дека треба да живее во Македони��а и да ги гледа медиумите како известуваат. Еве затоа што новинарката не живее тука јас ќе одговорам затоа што цели триесет години живеам во Македонија. Кај нас медиумите се се само не независни. Еве ако ги гледаме како известуваат ќе видиме дека Канал 5, Сител и МТВ се медиуми на власта. Доволно е да се земе во предвид само тоа дека сопствениците на тие медиуми се во коалиција со Груевски. Понатаму може да се земе фактот дека ВМРО-ДПМНЕ се рекламира само на овие медиуми. Премиерот или некој министер кај овие медиуми може да долета за пет минути, додека кај другите тоа не е така. Како за крај може да се земе пропаднатото собрание на Здружението на новинари од пред неколку недели кога власта сакаше да направи упад во Собранието на здружението на новинари сакајќи да постави свои претседател. Ова се вашите „независни“ медиуми, премиере!
Не сум баш убеден, но се надевам дека доколку ги знаел прашањата, премиерот ќе имал подобро интервју. |
#
|
Статијата е прочитана 1807 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 16.12.2010 12:19:10 |
|
Konsultantite bea zafateni: Latas, jadi burek, Milenko, Mirka i, neli, narodot-kogo za se bitno go prasuva. |
|
|
|
|
|
|
Од: spire |
Датум: 16.12.2010 13:12:57 |
|
Eh Naume, Naume...... rano si go spoznal kapacitetot i vokabularot na Grujo.........navistina si podranil!!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Od mene |
Датум: 16.12.2010 13:25:04 |
|
Jas pak sum mnogu zadovolen od intervjuto.I sega...!?Ne bil zadovolen citatelov.Da go stavime minister pa moze ke go zadovolime. |
|
|
|
|
|
|
Од: cvete |
Датум: 16.12.2010 14:32:41 |
|
Avtorot ne bil zadovolen od intervjuto na Gruevski. Onie koi vaka razmisluvaat i argumentite koi gi posocuvaat nikogas nema da bidat zadovolni od bilo sto da napravi ili kaze Gruevski. Utre i da go smeni imeto i da vlezeme vo EU i NATO gospodinot nema da bide zadovolen bidejki toa ne go napravil Branko. |
|
|
|
|
|
|
Од: todor |
Датум: 16.12.2010 14:35:38 |
|
не се посрамоти тој, туку се посрамотивме ние Македонците. Каков народ таков Премиер. |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON |
Датум: 16.12.2010 14:51:20 |
|
Tolku mu e ukata,takva mu e nafakata.Šo pa da ne sme u prosek podobri?Pa od takvi birači takov izabranik.Vodač od Domanovik.Za Felix,Mile i ostanatata Latas,jadi burek i trici,moj Milenko i strina Mirka bratija,prvo da go pročitat,mislam deka nemat tolku školo za da dojdat do taa lektira,pa da go analizirat i ako go razberat spremen su da debatiram.So gulem pozdrav i želba za novi "vidici" vaš Spiridon. |
|
|
|
|
|
|
Од: hehe |
Датум: 16.12.2010 15:14:38 |
|
Зарем не ви е срам што избравте премиер што не знае да сроши една просто проширена решеница?Ако, ако, малку е нека ја срами Македонија...зборувам за неопределените,вмровците ионака немаат капацитет да разберат! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vasko |
Датум: 16.12.2010 15:22:05 |
|
Ti Naume da ne si od novinarskata afela od A1 televizija slucajno? Ili pak si so titovka na celo i SDSM knishka, pa taka te ucele i vospitale. A metlata kade ti e? Podobro nosete si ja sekoj den so vas, posto i onaka za politika vidovme vo ovie izminati 20 godini kolku ve biva, pa mozebi za ovaa novata profesija so metlata povekje ke vi odi! |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 16.12.2010 15:37:28 |
|
Поголем срам не ме јадел одамна. Се потев пред телевизорот дали ќе му излезе некој умен збор. Сигурно и новинарката доживеала културен шок. Е тоа сме сега ние. Посрамени, понижени и осудени да живееме во изолат кој личи на виртуелна реалност. |
|
|
|
|
|
|
Од: До„Науме„ |
Датум: 16.12.2010 15:43:19 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Alekso |
Датум: 16.12.2010 17:30:58 |
|
E taka ti e premiere,koga dosega nastapuvase so odnapred poznati prasanja pa na vkrsten ogan od sekakvi prasanja se gubuis!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 16.12.2010 18:04:43 |
|
Ако ни беше Наум малку повеќе на памет. немаше ова да го напише. А ако беше од новинарската фела на А1, ќе мирисаше на смоки, секако! |
|
|
|
|
|
|
Од: Emil |
Датум: 16.12.2010 23:16:33 |
|
Treba li komentar za ova?Pa nie sami si birame koj i so kene pretstavuva vo svetot.Ako Grujo nemozel poveke podobro da kaze sigurno bil zbunat(nespan,gladen,zeden)ili pak nemal spremano gotov materijal,pa se zbuna covekot mislese privatno e toj razgovor samo za voditelkata i nego. |
|
|
|
|
|
|
| Поглед | | |
|
| МЕРИДИЈАНИ | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|