Страв од грчка неликвидност
Атина - Каматaтa на грчките државни обврзници со важност од десет години вчера претпладнето достигнаа ново рекордно ниво од 11,776 проценти откако еден ден претходно изнесуваше 10,932 отсто.
Во исто време, каматната стапка на двегодишните грчки државни обврзници порасна на 17,787 проценти од синоќешните 15,910 отсто.
Според аналитичарите, растот на каматната стапка на грчките обврзници значи дека инвеститорите стравуваат од можноста од неликвидност на Грција и покрај најавената помош во висина од 100 милијарди евра од страна на Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд . (МИА)
|