Романија ги сече платите и пензиите
БУКУРЕШТ - Романија ќе ги намали платите и пензиите во јавниот сектор во текот на оваа година за да го испочитува договорот за спас со ММФ. Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека „програмата за намалување на јавните трошоци е неизбежна“. Платите во јавниот сектор ќе бидат намалени за 25 отсто, а ќе бидат опфатени сите плати, вклучувајќи ги и минималните. Бенефициите за невработените и пензиите ќе бидат намалени за 15 отсто.
Романија доби пакет помош од 20 милијарди евра од ММФ, ЕУ и од Светска банка. Романија и други две земји што добија помош, Латвија и Унгарија, не ги исполнија целите за намалување на своите дефицити за значителни маргини.
„Планот за намалување беше неизбежен“, изјави Басеску на прес-конференција. „Државниот сектор е како дебел човек од 200 кг што седи на грбот на ситен човек од 50 кг, кој е реалната економија“.
Тој, исто така, рече дека како дел од преговорите со ММФ, Романија за малку избегнала зголемување на ДДВ од 19 отсто на 24, како и зголемување на данокот на профит и на приход од 16 отсто на 20.
Во меѓувреме, ММФ соопшти дека ќе ја продолжи мисијата во Романија за уште два дена. ММФ ги намали предвидувањата за економскиот развој на Романија на 0,8 отсто оваа година, откако економијата достигна 7,1 отсто во 2009 година. (Би-Би-Си) |