Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Ако се отцепи, Фландрија ќе заличи на Косово

Брисел – „Ако одлучи да се отцепи од Белгија, Фландрија ќе заличи на Косово“, изјави поранешниот белгиски премиер од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, Марк Ејскенс, кој е Фламанец и познат економист.

Во вчерашното интервју, кога се очекува кралот на Белгија, Албер Втори, да го определи датумот на вонредните парламентарни избори во државата, Ејскенс предупредува дека добро претставување на изборите на фламанските сепаратистички партии, Нова фламанска алијанса и Влаамс Беланг (Фламански интерес), може да предизвика тешки последици за иднината на државата, особено за економијата.

„Победа на тие партии на изборите може да ги поскапи заемите земени од Белгија, а тоа би било катастрофа за нејзината економија и за државниот буџет“, смета тој. 

Истовремено, Ејскенс е со став дека ако под притисок на такви партии Фландрија реши еден ден да се отцепи од Белгија и да формира самостојна држава, областа ќе личи на Косово, и другите држави во светот ќе се воздржат од признавање на нејзината независност. 

Во разговорите за независна Фландрија се потценува проблемот дека при отцепување, Валонија и Брисел ќе продолжат да ја претставуваат Белгија, макар и во помал размер на меѓународен план. „Фламанците треба да дадат сметка дека во таков случај Брисел ќе стане целосно франкофонски град, а границата на Фландрија ќе се помести на север од сегашната лингвистичка граница меѓу Фландрија и Валонија“, додава тој. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 08.05.2010 11:40:21
E gospoda od Brisel ...sto stapa na tug grb e malce ama eden na svojot koga ke go osetis e mnogu ...mnogu boli "gopoda pravednici"....!!!
Од: barbiUsa
Датум: 08.05.2010 23:41:04
E sega Srbija prva da ja priznae otcepenata drzava i da vospostavi diplomatski odnosi so niv,pa da se osvestat malku site onie sto glasaa za nezavisnost na kosovo i kolku problemi sozdade istata
Од: Симе
Датум: 09.05.2010 00:22:57
Не знам од каде ви е текстов (никој не е потпишан). Но дали овој што го објавил текстов, бил некогаш во Белгија? - Ми изгледа дека не ја видел ни на телевизија, па затоа ја споредува Фландрија со Косово. Исто како јас сега, професор од туѓина, бивши македонски граѓанин, да пишувам за причините за топење на мразот на северниот пол, а сум социолог по струка...

Најди! во Утрински
Свет
Атина го прифати „тешкото“
Дора Бакојани остана без партија
Страв од грчка неликвидност
Браун привремено се враќа на Даунинг стрит 10
Романија ги сече платите и пензиите
Словенија бара ред во еврозоната
Кој не сака да оди во Москва