14.03.2012, 18:13 Пресуда - За „Пајажина“ – 109 години затвор
На осудените им се изречени и парични казни. Тринаесет години затвор за сопственикот на телевизија А1, Велија Рамковски. Вчера напладне беа изречени првостепените казни за сите 18 обвинети - вкупно 109 години затвор
Љубиша Станковиќ
Тринаесет години затвор за сопственикот на телевизија А1, Велија Рамковски. Вака одлучи Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кој претседаваше судијката Павлина Христова. По една година од почетокот на судскиот процес наречен „Пајажина“, вчера напладне беа изречени првостепените казни за обвинетите. Судот изрече казни од вкупно 109 години затвор за 18-мина од обвинетите, условна казна му е одредена на Александар Дамовски, додека тројца се ослободени бидејќи не се докажало делото.
Седумгодишна казна доби синот на Велија, Хеди Рамковски, а на по шест години се осудени неговата ќерка Емел и братот Амди. Директорот на А1, Дарко Перушевски, е осуден на 5,5 години затвор, а Анета Кочишки на 2,3 години. До правосилноста на пресудата, таа ќе биде пуштена на слобода.
Рамковски и неговата ќерка смирено ја дочекаа пресудата.
За него судот најде дека се занимавал со перење пари и за тоа дело му изрече казна затвор од шест, за даночно затајување нови пет, за злосторничко здружување три и за злоупотреба на служената положба уште една година или се' вкупно 15 години.
„Очекувано беше. Пресудата е резултат на конструкција и селекција на докази. Се надевам дека повисоките инстанци ќе го имаат тоа предвид“, рече скопскиот адвокат Стеван Павлески, непосредно по сослушањето на одлуката на судот за притворот кој на обвинетите им беше изречен пред повеќе од една година. Всушност, од решението на Советот единствената која може да биде задоволна е Анета Кочишки, бидејќи нејзе и' беше укината мерката куќен притвор, а Велија и Емел Рамковски, како и Дарко Перушевски остануваат во притвор се' до правосилност на пресудата.
„Ја очекуваме писмената пресуда за која сметам дека судијата ќе има сериозни проблеми да ја образложи“, рече адвокатот Никола Поленак.
Освен затворските казни, судот безмалку на сите обвинети им изрече и парични казни во висина од две до пет илјади евра, односно беа изречени парични казни во висина од 61.000 евра, а некои од осудените беа задолжени, солидарно, да им ја надоместат штетата на оние компании кои се јавуваат како доверители. Меѓу оние кои треба да бидат намирени се и печатниците „Европа 92“ со 12 милиони и „Цетис принт“ со пет милиони денари.
Во обврските, кои произлегоа од пресудата, се и оние кои се однесуваат на намирување на милионски штети по разни основи. Така, само на име затаен данок судот пресмета дека треба да се надоместат 286.731.670 денари, како и 18.904.247 денари кои исчезнале со празнење на сметките на фирмите на Рамковски и уште 8.469.523 милиони на име данок.
Во елаборацијата на пресудата судијката Христова кажа дека Судечкиот совет постапувал по обемно и сложено обвинение, но дека од текот на постапката се утврдило дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои беа обвинети. Таа кажа дека во изминатава година судот одржал 66 судски рочишта на кои биле распрашани 25 сведоци, неколку вешти лица и извел многу писмени докази.
Токму од изведените докази судот ја утврдил фактичката состојба и утврдил дека Велија Рамковски и уште неколкумина негови блиски роднини и соработници формирале злосторничко здружение чија цел било испумпување на големи парични износи. На групата подоцна и' се приклучиле и други лица, но суштината била иста.
Парите од компаниите регистрирани на „Перо Наков“ завршувале во фирмите кои биле под контрола на Велија Рамковски, а биле регистрирани во Турција, Хрватска и во САД. За судот не постоеле дилеми околу начинот на кој се работело, односно дека со честите ротации на раководните лица и фиктивните позајмици и наплати само се избегнувале обврските кон државата и кон други доверители.
Самото изрекување на пресудата за обвинетите во случајот наречен „Пајажина“ беше во крајно нервозна и напната атмосфера. Во предворјето на Кривичниот суд вчера можеа да се видат десетици роднини и пријатели на обвинетите и уште толку полициски работници.
Доцнењето со објавата на првостепената пресуда, веројатно, дојде и поради погрешната процена на судот, кој одлучи тоа да го направи во судницата број 1, место во некоја поголема во соседните објекти. Турканиците почнаа уште на самиот влез, а ништо подобро не беше и во судницата.
„Кој ��е снима?“, запраша Велија Рамковски откако во судницата влегоа фоторепортерите и снимателите. Судот го замоли да молчи, но тој продолжи: „Ако веќе ми го гледаат ликот, зошто тогаш да не ми ја чујат и мислата?“, рече Рамковски.
Роднините ја чекаа пресудата пред судот
Роднини на осудените, нивни пријатели и поранешни колеги кои работеа во телевизија А1, вчера мирно пред судската зграда пред Кривичниот суд во Скопје ја чекаа пресудата за Велија Рамковски и преостанатите приведени во случајот „Пајажина“. Меѓу присутните беа и актуелните пратеници во Собранието, Ленче Николовска и Сафет Бишевац, како и лидерот на Партијата за европска иднина и сват на Рамковски, Фијат Цаноски. Поради просторна ограниченост во судот, беше дозволено само по еден член од фамилиите да може да присуствува на пресудата во Основниот суд Скопје 1.
Уште долго време по донесената одлука со која беа изречени затворски казни за повеќето од групата, насобраните пред судот не си заминуваа.
По шест години затвор за ќерката и за братот на Рамковски
На највисока и единствена казна затвор во траење од 13 години судот го осуди сопственикот на телевизија А1, Велија Рамковски. На по шест години затвор судот ги осуди братот на Велија, Амди Рамковски, Жаклина Ѓоргиевска, Невин Рауф, Зоран Мицевски, Емел Рамковска, Славица Маринковска, Бранко Пишев и Рамадан Чичек.
Една година затвор повеќе судот им изрече на Хеди Рамковски, Неше Рамиз Ибрахими и Рамадан Ибрахими, а поранешниот директор на А1, Дарко Перушевски само шест месеци помалку.
Поранешниот управител на фирмата „Хедис“, Жарко Стојановски, судот го осуди на 3,5 години, додека обвинетата Ибраим Ибраими доби три години затвор. Управителката на „Плус продукција“, Ѓултен Џемаили, судот ја осуди на пет години, Наташа Крстановска и Слободан Пејовски на по четири, а директорката на ТВ А1 Анета Кочишки на 2,3 години затвор.
Иако судот најде вина и кај обвинетиот Александар Дамовски и го осуди на две години затвор, сепак, казната му беше заменета за условен затвор во траење од четири години. За одржувачот на компјутерскиот систем на фирмите во „Перо Наков“, обвинетиот Јасмин Љатифовиќ, и чуварите Маријан Танчевски и Муамед Абди судот не најде докази дека го сториле делото за кое тие тројца се товареа со обвинителен предлог.
|
|
Статијата е прочитана 4926 пати.
|
Испрати коментар
|
|
bez trag, 15.03.2012 01:02:16 | Tvojata zatvorska kazna e i moja i od cela opozicija,sega ne treba da precutime.Znaeme site deka e odmazda,oti mu gi obelodeni aramilucite na GRUJO.Ova se slucuva 2 pat, 1 pat za LJUBE i sega za Velija.Da ne se dozvoli 3 pat.PODOBRO VO GROB OTKOLKU ROB svesti se MAKEDONIJO |
| Marioec od Azija, 15.03.2012 03:40:30 | Deka postoel kriminal postoel,vo kolkava merka toa e drugo prasanje.Da se razbereme i neprijavuvanje na rabotnici,i neplacanje za istite nadomestok isto e kriminal,kako i zatajuvanje ili prikazuvanje na pomal promet e isto.Druga e rabotata sto kaj nas toa se smeta za kavalerski delikt.A SDS se kontradiktorni,posto Poposki izjavi deka tie imale soznanija za kriminal na firmite i koga se obidele da izvrsat kontrola,im bilo naredeno da ne se vleguva tamu.E koj naredil neznam samo znam deka eden rece so telefon se resavalo smetkite da se odblokirale.Kamo sreca da se trgne ponatamu ima uste mnogu ovakvi firmi kaj nas,i bliski do vlasta,treba stranski obvinitel so dobra plata i da videte kako se ce se rasplete. |
| Istocna Makedonija, 15.03.2012 07:37:07 | Bez kompromis vo bprbata protiv kriminalot!Seyo
ova e vo red.Ama,bez selektivnost i bez amnesti
ranje i na nasive.So poln respekt kon sudskite
instanci,ama kakov epilog ke imase ovoj slucaj,
vo kolku glavniot protagonist svirese po ,,nasi
noti???!!!Ili,ke imase li voopsto ,,slucaj i dali
vo drzavava ima slicni slucai.koi ne se otvaraat?!
I povtorno.nas sindrom na revansizam,osveta i
samounistuvanje.Nekogas,drugi ke gi otvarat
ovie potencijalni slucai,samo protagonistite i
akterite ke bidat drugi!Roljite ke se promenat! |
| acko, 15.03.2012 07:54:00 | Sega da objasnat onie oksimoronine kako idali gi platile reklamite na A1 tv so budgetsi odnosno narodni pari i dali e ova samo osveta bidejki ramkoski javno go soopsti ova..................ako e i od dpmne mnogu e vreme e narodecov da se svesti i da go ubie krlezot sto go cica bezmilosno...... |
| analiticar, 15.03.2012 08:33:38 | nema sto da se svestime,jas najpoveke ja sledev A1-televizija,ama go pratev i rabotenjeto na velija koe za zal mislam deka e kriminalno,e sega rabotata e vo toa sto kriminalcite dpmne gi goni koga ke mu zasmetaat toes koga ne sorabotuvaat so vlasta,nie treba da go dignime glasot i da kazeme deka znaeme deka velija,boskovski i sl, se osudeni deka go menaja dresot i vlasta da racistuva so kriminalot navreme a ne samo koga ke ja napustat. |
| miki, 15.03.2012 08:39:54 | Ова ми личи на задоволување на најниските страсти на ВМРО-вците.........срам ми е што живеам во оваа бедна земја........... |
| vladislav, 15.03.2012 09:10:28 | Pa neli suratov bese nevin. Zosto go osudija? |
| miki, 15.03.2012 09:49:56 | Povtorno velam-nema dobro da zavrsi seto ova! Ke ima odmazda koga-togas, a krienje nama da ima..Sultanite moze i da probaat da se dogovorat ama stapot ke zaigra od druga strana-ke bide veselo! |
| Malce mu e, 15.03.2012 09:57:26 | Svestena Makedonija e i znae da proceni deka vakvite komentari kako tvojov se partiski potocno od SDSM zasto im go zatvorija glavniot sponzor i podrzuvac Batak Velija.More stvarno si u pravo ajde site na protesti za presudata na Batakov.Jas pa ocekuvav 109god. zatvor samo za Velija a za ostanative plus.E stvarno e ova malce mora da se bunime :)))
|
| Oliver, 15.03.2012 10:16:07 | Fala mu na Velija sto ne osvesti, sto vistinata barem za moment ni ja pokaza ako ne podolgo, toj bese svetecot na ovaa zemja, Velija ja izgradi Makedonija vo vistinska drzava, tolku mnogu znacese negovata fondacija, ne osvesti sto e makedoski narod, sto e makedonski jazik i kolku bi bilo dobro da se napravi burmali djamija na plostad. Isto taka treba da mu bideme blagodarni sto ne osvesti, sto se objektivni mediumi, toa osobeno se vide vo poslednive dve godini. Nie kako narod G-ne bez trag, ne se osvestivme, no dobro e koga ima kako Vas osvesten i opzicija na koja se povikuvate deka delite isto mislenje, ocigledno Vas Velija nisto ne vi dolzi (da receme). Steta sto ne e dozivotno, da bese dozivotno ke se osvestese Makedonija i narodot ke izlezese po ulici, pred sud za da go oslobodat najneviniot covek vo zemjava. |
| jas od doma, 15.03.2012 10:35:03 | Policiska drzava i vlast. Narodot pamti, ne zaborava..... |
| do bez trag, 15.03.2012 10:52:04 | Ne sum siguren deka si bez trag? |
| od citatel vo usa, 15.03.2012 11:42:32 | radyvajtese vie od malce mye samo vie ke plakate velija i kompanija ke lezat a vie so vasata plata ke plakate prvo benzino vi go oskapeja a posle go osydija a vie vamarovcite samo radyvajtese kakov narod takva drzava |
| seirdzija, 15.03.2012 12:22:04 | Se nadevam deka onaa budala sto lepese plakati seuste ne e A1 i deka si placa magacinski danok.Inaku u drzava kaj sto sekoj mozen tender e namesten,kade vladata najdomacinski gi trosi parite na spomenici i ne zadolzuva kaj ke stigne,najgolem grev da ti bilo neplacanje na danok,c c c ....inaku za pozdrav e i zatvaranjeto na Lj.B. i rusenjeto na Zgradata na Fijat toa ti se vikalo pravna drzava koja boranija stanavme so ovie DPMNE!!! |
| goran, 15.03.2012 12:51:17 | BRAVO!!! |
| od ostrijot, 15.03.2012 12:56:33 | neznam zosto ovo sudenje tolku dolgo trajese itaka
presudata bese unapred utvrdena diktirana. |
| DELJAN, 15.03.2012 13:33:07 | Ako presudata e politicka i sudot rabotel po naredba na DPMNE, aram da im e na dvete instanci. No ako e za kriminalot sto se pravel sekja vi cest i se nadevam deka na red e da rascistite i so kriminalot kaj gazda Dzingo i kaj B.Stojmenov spored zapocnatoto, vo sprotivno samo gi potvrduvate navodite na opozicijata za ovoj slucaj i sudot, mvr i vladata uste poveke ke se dvalviraat pred cela javnost. |
| mene, 15.03.2012 14:59:54 | za komunistite zborea deka se osloboduvale od protivnicite prakajki gi na Goli Otok....
A ova sto e be??? Komunistite se detska igra za ova be fasisti edni - se sto bese protiv vas trgnavte bez da odaberite oruzje - sekoj nacin e dobar.
Ima VMROvci sto ubile luge be i nema da lezat ni 6 meseci.... nesporedlivo e ama za zal pravdata vo nasata drzava e pateticna!
Neka Vi e na zdravje makedonci sto gi drzite ovie na vlast...
|
| tozo, 15.03.2012 15:21:00 | Pravilna presuda podrska do sudot,sekoj kriminalno deanie treba da se sankcionira pravnata drzava mora da vunkcionira i nikoj ne smee da bide nad sudot na pravdata. Pozdrav od new jersey USA. |
| Mudrec, 15.03.2012 19:16:47 | Velija e tipichen primer na chovek sto se zanese premnogu i udri vo zid. Ne mi e zal, bese javna tajna deka negovite firmi se glavni peralni na pari. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 28°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|