12.03.2013, 12:26 Фердинанд: Фудбалерите се преплатени

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед направи паралела меѓу платите на фудбалерите и на војниците, но дека помалку заработуваат од тенисерите и кошаркарите
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и еден од најплатените одбранбени играчи Рио Фердинанд изјави дека примањата на фудбалерите се превисоки во однос на некои други професии.
Тој направи паралела меѓу платите на фудбалерите и на војниците.
- Дали сме преплатени во однос на некои други луѓе? На пример во однос на војниците кои ги ризикуваат и животите во одредени ситуации. Би одговорил потврдно, исткана Фердинанд.
Но, играчот на Манчестер се ос��рна и на примањата во другите спортови.
- Сепак, ако се погледне по колку заработуваат тенисерите, кошаркарите, играчите на безбол и голф, тогаш ќе се види дека ние сме помалку платени од некои од нив.
Фердинанд во Манчестер Јунајтед заработува 120 илјади фунти неделно. |