12.03.2013, 15:52 „Лауреус“ трет пат во рацете на Болт

Јамајканецот сосема заслужено ја доби оваа наградата, имаше фантастичен настап на Олимписките игри во Лондон освојувајќи три злата
Јусеин Болт трет пат во својата кариера е добитник на престижната награда на „Лауреус“, церемонијата на доделување се одржа во Рио де Жанерио. Јамајканецот сосема заслужено ја доби оваа наградата, имаше фантастичен настап на Олимписките игри во Лондон освојувајќи три злата. Наградата „Лауреус“ Болт претходно ја доби во 2009 и 2010 година. Во женска конкуренција за најдобра спортистка во 2012 година беше прогласена британската атлетичарка Џесика Енис. Енди Мари го понесе признанието за спортист со најголем напредок, а додека Феликс Санчез за најзначителен камбек. Посебна награда доби Мајкл Фелпс, кој беше прогласен за најтрофеен олимпиец на сите времиња. Феликс Баумгартнер се закити со награда во категоријата „Акција“. |