Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Гебрселасие објави повлекување

Светскиот рекордер во маратон реши да ја заврши кариерата по откажувањето во Њујорк

Сонот на Хајле Гебрселасие да ја круниса својата пребогата кариера со триумф на Олимпијадата 2012 во Лондон се распрсна на улиците на Њујорк завчера. Етиопјанецот на возраст од 37 години го објави своето повлекување откако се откажа сред своето деби на Њујоршкиот маратон поради повреда на коленото.

Гебрселасие претходно се предомисли, повикувајќи се на резултатите по префрлувањето од стадионите на патиштата по ОИ 2004 во Атина, каде што остана без медал на 10.000 м. Тогаш се определи за уличните трки на кои веднаш забележа успех, но изјави дека нема да учествува во маратонот на ОИ 2008 во Пекинг поради стравот дека загадениот воздух ќе му ги влоши проблемите со астмата. Сепак, се врати на патеката, завршувајќи осми на 10.000 м во Пекинг пред да го спушти својот светски рекорд во маратон на 2:03,59 ч. во Берлин.

Привлечноста на Лондон можеби ќе го натера Гебрселасие да продолжи по заздравувањето на коленото и по преболувањето на разочарувањето од повлекувањето во Њујорк. Соопштувањето на одлуката со солзи пред вџашените известувачи во неделата, сепак, беше недвосмислено.

„Никогаш не помислив за повлекување“, изјави тој. „Денеска првпат ми се случи тоа. Дозволете ми да запрам и да работам нешто друго по ова. Да им дадеме шанса на помладите. Вложив голем напор за да победам во оваа трка, но не одеше“.

Гебрселасие го нарекуваат „цар“ во Адис Абеба во знак на почит за инвестирањето на својата заработка во татковината. Првиот блесок го имаше на Светското јуниорско првенство во 1982 година, каде што ги освои златните медали на 5.000 м и на 10.000 м, нешто што никогаш не го повтори во сениорска конкуренција. Сепак, има четири светски титули во низа на 10.000 м и две олимписки злата едноподруго во оваа дисциплина во Атланта 1996 и во Сиднеј 2000.

Последната трка беше една од највозбудливите во олимписката историја, во која Гебрселасие за влакно се одбрани од својот голем кениски ривал Пол Тергат. Кениецот, кој немаше конкуренција на светските шампионати во крос-кантри, каде што освои пет титули во низа, прв се префрли на маратонот, поставувајќи светски рекорд од 2:04,55 ч. во Берлин. Тој финишира пред Гебрселасие и во дебито на Етиопјанецот во Лондон 2002, иако обајцата завршија зад тогашниот светски рекордер Халид Хануши.

Гебрселасие, покажувајќи ист афинитет за патиштата, како и за стадионските патеки, го поправи светскиот рекорд на Тергат на 2:04,26 часот во 2007 година на рамната патека во Берлин, а следната година го урна уште еднаш во истиот град, поставувајќи ги се' уште актуелните 2:03,59 ч.

Со својата секогаш присутна насмевка и со посветеноста и на спортот и на својата татковина, Гебрселасие беше еден од најпопуларните личности во светскиот спорт.

„Неговиот придонес е што ги крена стандардите за сите“, изјави портпаролката на Атлетската федерација на САД, Џил Гир. „Тоа што го прави Хајле навистина посебен е тоа што тој не е само брз. Тој е вистински амбасадор на овој спорт, еден од најомилените луѓе во спортот“.


#
Статијата е прочитана 271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
И Новески отпадна за Албанија
Фетел ја одложи разврската за Абу Даби
Се разбудија Торес и Ливерпул
Петта победа во низа на Бостон
Аронјан се издвои на меморијалот „Таљ“
Федерер триумфира во Базел, Федер во Валенсија
Промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“
Рома до скалпот на Лацио од 11 метри






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'