Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Се разбудија Торес и Ливерпул

Некои нови ветришта почнаа да дуваат на „Енфилд Роуд“. Ливерпул го направи она што му беше неопходно во очајната дно ситуација. Да го победи лидерот во Премиерлигата, Челзи.

Рој Хоџсон го изненади Карло Анчелоти, особено во првото полувреме кога „црвените“ ја контролираа играта, што им се врати со два гола. И за двата најзаслужен е Фернандо Торес, кому Џон Тери во 11 минута му даде само еден метар простор, што беше доволен додавањето на Кајт Шпанецот да го претвори во 1:0. Торес одигра страшно активно полувреме, па не чуди што пред крајот на првиот дел дочека уште една шанса. Овој пат топката на центарот ја загуби Ешли Кол. Торес ја прифати на лево крило, направи неколку чекори и со влегување во шеснаесетникот ја зголеми предноста, гаѓајќи го подалечниот агол на Чех. Анчелоти во вториот дел го внесе Дрогба и Челзи почна да личи на тим што води во Премиерлигата. Имаа шанси Малуда, Жирков и Ањелка, но не успеаја да ја направат поинтересна завршницата.

„Никогаш по девет одиграни кола Ливерпул не се наоѓал во црвената зона и знаевме колку е лошо. Меѓутоа, по некое време почнавме да играме подобро, бидејќи требаше одреден период да се навикнаме на новиот тренер и новите соиграчи. Сега мора да продолжиме со победи, а потоа сигурно ќе ни се отвори шанса да се бориме за поголеми работи. Оваа победа ни донесе мир и голема доза самодоверба“, изјави херојот Торес, кој е свесен дека од него долго се очекува да проработи.

„Знам дека во нашата работа спаѓа и критиката. Свесен сум што се очекува од мене и подготвен сум за тоа. Меѓутоа, на крајот на минатата сезона беше пренапорен за мене и се заредија повредите. Наскоро пак ќе бидам во старата форма“.

На другата страна разочараност, но не и очај. „Бевме свесни дека на ’Енфилд‘ е тешко да се победи и така да го зацврстиме водството на табелата. Меѓутоа, не смее да дозволиме овој пораз да не загрижува. Ние се' уште сме лидери. Во првите 45 минути топката ни беше пребавна, не освојувавме простор на противничката половина. Ливерпул во вторите 45 минути одлично се бранеше, а во нападот беше фантастичниот Торес. Ни беше тешко да се вратиме, но, сепак, задоволен сум од играта во вториот дел. Ливерпул може да се вклучи во трката за Лигата на шампиони и на крајот да биде четврти“, изјави тренерот на Челзи, Анчелоти.

Табела: Челзи 25, Манчестер Ј. 23, Арсенал 20, Манчестер Сити 20, Њукасл 17, Болтон 15, Тотенхем 15, Сандерленд 15, Ливерпул 15, ВБА 15.......


#
Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
И Новески отпадна за Албанија
Фетел ја одложи разврската за Абу Даби
Петта победа во низа на Бостон
Аронјан се издвои на меморијалот „Таљ“
Гебрселасие објави повлекување
Федерер триумфира во Базел, Федер во Валенсија
Промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“
Рома до скалпот на Лацио од 11 метри






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'