Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Фетел ја одложи разврската за Абу Даби

Лидерот Алонсо трет во Бразил, еден-два победа за Ред бул, кој е нов конструкторски првак

Себастијан Фетел го предводеше Марк Вебер до еден-два триумф во трката за Големата награда на Бразил во Формула 1, одложувајќи ја разврската во борбата за титулата за последната трка во Абу Даби в недела. Фернандо Алонсо од Ферари со третото место го одбрани водството во вкупниот поредок од Вебер и од Фетел. Формацискиот финиш му ја донесе првата конструкторска титула на Ред бул.

Луис Хамилтон од Мекларен го освои четвртото место и ги зачува теоретските шанси за највисок пласман. Неговиот тимски колега, првакот Џенсон Батон, со петтата позиција и математички се прости од шампионската титула.

На Алонсо за третата круна ќе му биде доволно и второ место во Абу Даби, без разлика дали Вебер ќе победи. На Шпанецот му врши работа и четвртото место ако слави Фетел, бидејќи предноста на возачот на Ферари е осум бода во однос на Вебер и 15 во однос на Фетел. Хамилтон, кој заостанува 24 бода од Алонсо, би стигнал до својата втора титула само ако другите тројца не освојат ни бод во последната трка.

„Не посакувам ништо лошо да му се случи на Алонсо, но би било прекрасно ако видиме еден убав чад од Ферари“, вели Фетел. „Не, шегата на страна, ние ќе се обидеме да победиме и ќе видиме каде ќе биде тој“.

Германецот доминираше во Бразил откако уште на стартот го презеде водството од сензационалниот сопственик на пол-позицијата Нико Хулкенберг од Вилијамс. Вебер го престигна „вилијамсот“ во четвртиот свиок од првиот круг, по што двата „ред була“ почнаа да создаваат разлика во однос на останатите. Австралиецот, кој во средишницата од трката мораше малку да забави поради вжештениот мотор, не заостануваше повеќе од три секунди, но, иако тој силно го притискаше својот тимски колега, Фетел ја задржа контролата. Вебер потоа потврди дека моторот бил „токму на граница на прегревање“.

„Неверојатен ден, во кој не беше лесно на стартот, бидејќи бев на валканата страна, но добро тргнав и видов како на Нико му пролизгаа тркалата. Тој не ми остави многу простор за престигнување, но потоа беше ОК. Можев да забрзувам и да го контролирам своето возење. Извонредно одработи и тимот. Сезонава не беше лесна досега, но ова беше совршен одговор по тоа што се случи во Кореја“, изјави Фетел.

Вебер додаде: „Од некои причини имав многу жежок мотор во втората половина од трката, па морав да се фокусирам на држењето на Алонсо на дистанца. Многу сум им благодарен на момчињата од нашето седиште во Милтон Кејнс за феноменалниот успех со освојувањето на конструкторската титула, и тоа во конкуренција на Ферари и на Мекларен“.

Се' што беше интересно во трката се случуваше зад доминантните болиди на Ред бул. Хулкенберг во првите кругови се обидуваше да ги задржи Хамилтон и Алонсо. Хамилтон го загуби четвртото место од Алонсо кога направи грешка со влегувањето широко во четвртиот свијок, дозволувајќи му на возачот на Ферари да го престигне од внатрешната страна. Алонсо потоа почна да му врши огромен притисок на Хулкенберг, успевајќи да го претекне во седмиот круг.

„Тоа беше убаво“, му рече неговиот инженер на трка Андреа Стела преку радиоврската. „Сега можеме да ја користиме нашата брзина“.

„Изгубивме премногу во првите кругови од трката, обидувајќи се да ги престигнеме Хамилтон и Хулкенберг. Тие 10-12 секунди беа невозможни за достигнување. Мала шанса ни се укажа кога се појави безбедносното возило, но повторно се најдовме во погрешна позиција кога шест-седум болиди се испречија меѓу нас и Марк. Сепак, во поглед на поените, ние сме крајно среќни“, изјави Алонсо. „Честитки за Ред бул. Да се биде конструкторски шампион е голема работа. Ќе видиме што можеме да направиме во Абу Даби“.

Пласман на ГН на Бразил

1. Себастијан Фетел (Германија) Ред бул 1:33:11,803 ч.

2. Марк Вебер (Австралија) Ред бул +4,243 сек.

3. Фернандо Алонсо (Шпанија) Ферари +6,807 сек.

4. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мекларен +14,634 сек.

5. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен +15,593 сек.

6. Нико Розберг (Германија) Мерцедес +35,320 сек.

7. Михаел Шумахер (Германија) Мерцедес +43,456 сек.

8. Нико Хулкенберг (Германија) Вилијамс +1 круг

9. Роберт Кубица (Полска) Рено +1 круг

10. Камуи Кобајаши (Јапонија) Заубер +1 круг

Пласман на останатите: 11. Алгерсуари, 12. Зутил, 13. Буеми, 14. Барикело, 15. Маса, 16. Петров, 17. Хајдфелд, 18. Ковалаинен, 19. Трули, 20. Глок, 21. Сена и 22. Клин. Без пласман: Ди Граси. Се откажаа: Лиуци.

Вкупен поредок, возачи: Алонсо 246, Вебер 238, Фетел 231, Хамилтон 222, Батон 199, Маса 143, Розберг 130, Кубица 126, Шумахер 72, Барикело 47, Зутил 47, Кобајаши 32, Хулкенберг 22, Лиуци 21, Петров 19, Буеми 8, Де ла Роса 6, Хајдфелд 6 и Алгерсуари 3. Конструктори: Ред бул 469, Мекларен 421, Ферари 389, Мерцедес 202, Рено 145, Вилијамс 69, Форс Индија 68, Заубер 44 и Торо росо 11.


#
Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
И Новески отпадна за Албанија
Се разбудија Торес и Ливерпул
Петта победа во низа на Бостон
Аронјан се издвои на меморијалот „Таљ“
Гебрселасие објави повлекување
Федерер триумфира во Базел, Федер во Валенсија
Промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“
Рома до скалпот на Лацио од 11 метри






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'