Промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“
Во присуство на голем број спортисти и спортски работници вчера во Скопје беше промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“, чиј автор е претседателот на Сојузот на спортовите на град Скопје, проф. Ѓорѓи Кузмановски.
Авторот на ова луксузно издание посветено на спортот во Скопје вложил голем труд прикажувајќи го развојот на спортот во главниот град на Македонија уште во времето кога во далечната 1902 година беа одржани првите натпревари во трчање и коњски трки како и првиот одигран фудбалски натпревар 1909 година и формирање на првите соколски друштва.
Монографијата обилува со интересни податоци од историјата на сите спортови, првите поголеми успеси во самостојната Македонија, приказни за најдобрите спортисти во градот со мноштво вредни и стари веќе пожолтени фотографии, еден целосен приказ на историјата на спортот во Скопје. (М.М.)
|