Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Федерер триумфира во Базел, Федер во Валенсија

Базел. Швајцарецот Роже Федерер триумфира на 1.755.000 милиони евра вредниот АТП-турнир во неговиот роден Базел. Во финалето тој славеше над бранителот на трофејот, Србинот Новак Ѓоковиќ, со 6:4, 3:6, 6:1.

„Овде секогаш е убаво кога ќе се стигне до крајот. На овој турнир направив многу, тешко ми е да поверувам дека толку пати играв во финале и дека победувам веќе четврти пат. Не можам да бидам посреќен од денеска“, коментира Федерер по мечот.

Дуелот во Базел беше нивни 18 меѓусебен по кој Федерер ја прослави 12 победа. Последен пат Ѓоковиќ се радуваше на успех над швајцарскиот тениски ас пред два месеца на Ју-Ес опен.

Финале: Федерер (Швајцарија) - Ѓоковиќ (Србија) 6:4, 3:6, 6:1.

Валенсија. Шпанецот Давид Ферер е победник на АТП турнирот во Валенсија „тежок“ 1,357.000 милиони евра. Еден час и 50 минути му беа потребни за победа (7:5, 6:3) над сонародникот Марсел Гранолјерс во мечот за титулата.

„Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Тешко ми е да опишам како се чувствувам. Многу сум среќен за најновата титула на домашен терен. Полн сум со самодоверба, сега имам добри шанси за Лондон“, рече Ферер, кој со триумфот во Валенсија го прескокна Енди Родик и е многу блиску до својот втор настап на завршниот турнир на осуммината најдобри во Лондон по 2007 година.

За Ферер ова е деветти турнирски триумф во кариерата и втор над Гранолјерс во исто толку одиграни натпревари досега.

Финале: Ферер (Шпанија) - Гранолјерс (Шпанија) 7:5, 6:3.

Бали. Србинката Ана Ивановиќ ја освои титулата во второто издание на ВТА- турнирот на шампионки на Бали. Во финалниот меч таа ја совлада Русинката Алиса Клејбанова со 6:2, 7:6. Јапонската ветеранка Кимико Дате Крум, пак, ја надигра Даниела Хантукова од Словачка со 7:5, 7:5 во меч за третото место на турнирот.

На Бали учествуваа тенисерки што не настапија на завршното ВТА-првенство во Доха, а кои оваа година освоија најмалку еден ВТА-трофеј.

Финале: Ивановиќ (Србија) - Клејбанова (Русија) 6:2, 7:6

За 3 место: Дате (Јапонија) - Хантукова (Словачка) 7:5, 7:5.


#
Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
И Новески отпадна за Албанија
Фетел ја одложи разврската за Абу Даби
Се разбудија Торес и Ливерпул
Петта победа во низа на Бостон
Аронјан се издвои на меморијалот „Таљ“
Гебрселасие објави повлекување
Промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“
Рома до скалпот на Лацио од 11 метри






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'