Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

И Новески отпадна за Албанија

Капитенот на Мајнц 05 е осмиот стандарден играч што е ослободен од обврски кон репрезентација за дуелот во Корча

Сашко Ѓ. Димовски

Непланирано се издолжи листата на играчи што ќе го пропуштат пријателскиот натпревар на Македонија против Албанија на 17 ноември во Корча. Селекторот Мирсад Јонуз вчера го објави списокот во кој го нема и Николче Новески, капитен на Мајнц 05, екипа која до пред две кола беше лидер во германското фудбалско првенство. Тој е осмиот ста��дарден фудбалер кој не е во комбинација за претстојниот дуел со нашиот западен сосед. Од обврски кон националниот тим претходно беа ослободени Горан Пандев, Горан Попов, Илчо Наумоски, Стевица Ристиќ, Филип Деспотовски, Бобан Грнчаров, Славчо Георгиевски.

„Ослободувањата за овие фудбалери се поради повреди, замор и згуснат распоред на натпревари во првенствата во кои настапуваат“, порачува Јонуз.

Во репрезентацијата, по подолго време, се враќа Дарко Тасевски од Левски, а во Корча ќе патуваме и со тројца дебитанти. Прва повик во македонскиот „А“ тим добија Бајрам Фетаи од дански Нордсјиланд, Горан Тодорчев од хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ и напаѓачот на Скопје, Кристијан Кировски.

„Новите кандидати треба да покажат и докажат дека поседуваат квалитет да се наметнат во репрезентацијата во иднина. Немам информација во каков состав ќе настапи Албанија, но верувам дека нашите искусни фудбалери добро се познаваат со новите и оттука сметам дека ќе нема проблем околу разбирањето и воигрувањето. Повикот на играчи од македонското првенство треба да се сфати како мотивирачки сигнал за нив, но и за останатите, за што поголем ангажман и работа во домашните клубови за да можат да конкурираат за место во репрезентацијата. Овие фудбалери добија шанса да го промовираат својот квалитет, се надевам дека ќе ја искористат“, изјави Јонуз.

Список на играчи на репрезентацијата на Македонија за пријателскиот меч со Албанија во Корча

Голмани: Един Нурединовски (Етникос Ахна/Кипар), Мартин Богатинов (Работнички/Македонија)

Одбрана: Игор Митрески (Нефчи/Азербејџан), Агрон Мемеди (Ренова/Македонија), Ванче Шиков (Етникос Ахна/Кипар), Даниел Мојсов (Војводина/Србија), Александар Тодоровски (Рад/Србија), Владе Лазаревски (Локомотив Астана/Казахстан), Александар Лазевски (Партизан/Србија)

Среден ред: Марио Ѓуровски (Војводина/Србија), Величе Шумуликоски (Сибир/Русија), Дарко Тасевски (Левски/Бугарија), Горан Тодорчев (Интер Запрешиќ/Хрватска), Иван Тричковски (АПОЕЛ/Кипар)

Напад: Душан Савиќ (Инчеон Јунајтед/Јужна Кореја), Бајрам Фетаи (Нордсјиланд/Данска), Баже Илијоски (Гангвон/Јужна Кореја), Кристијан Кировски (Скопје/Македонија).


#
Статијата е прочитана 498 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Фетел ја одложи разврската за Абу Даби
Се разбудија Торес и Ливерпул
Петта победа во низа на Бостон
Аронјан се издвои на меморијалот „Таљ“
Гебрселасие објави повлекување
Федерер триумфира во Базел, Федер во Валенсија
Промовирана монографијата „Сто години спорт во Скопје“
Рома до скалпот на Лацио од 11 метри






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'