|
|
Нема градба на минариња
Стразбур - Европскиот суд за права на човекот во Стразбур отфрли тужби на швајцарски муслимани против решението од референдумот на кој Швајцарците гласаа против изградба на минариња во државата.
Судиите одлучија дека жалбата не може да биде разгледана бидејќи не ја нарушува Европската конвенција за права на човекот. Судот заклучил дека швајцарските муслимани не дале доволно убедливи докази дека акциите на властите им нанеле повреди.
Забраната за градење на минариња во Швајцарија беше воведена во крајот на 2009 година по референдум на кој "за" гласаа 57,5 отсто од граѓаните на Швајцарија. Поддржувачите на забраната победија во 22 од 26-те кантони во државата. |
#
|
Статијата е прочитана 847 пати.
|
|
|
|
|
|
|