Телефони без граници во ЕУ
„Брисел сака да ги укине трошоците за роаминг“, соопшти СМЕ. По предлогот за регулирање на цените претставен на 6 јули од комесарот за европска дигитална агенда, Нели Кроес, цените за повици додека сте во странство треба да чинат колку и повиците дома до 2015 година. Цените треба да почнат да се намалуваат следната година. Брисел, исто така, предлага за првпат досега, да се регулираат цените за мобилните интернет-услуги. Цената по мегабајт за роаминг податок треба да биде утврден следната година на 90 центи и да падне на 50 центи до 2014 година. Предлогот мора да биде одобрен од Европскиот парламент и 27-те земји-членки на ЕУ. СМЕ и понатаму останува скептична: „Вистински непријател на скапите роаминг услуги е „Скајп“ кој е бесплатен, а не ревносните комесари Рединг и Кроес“.
Вилијам Рединг �� комесарот што прв ги регулираше цените за роаминг во 2009 година. |