|
|
|
|
|
|
Во црквите низ САД се чита Коранот
Истанбул - Иако во САД во медиумите се појавија негативни наслови за исламофобијата, повеќето Американци, сепак, ја почитуваат верската разновидност. Токму затоа во неделата, на 26 јуни, илјадници луѓе од Америка се здружија во десетици цркви и во други храмови низ земјата.
Верниците од Алабама до Алјаска, и од Калифорнија до Њујорк се обединија да читаат не само христијански текстови, туку верниците слушаа зборови од еврејски и муслимански свети текстови, додека рабините и имамите им се придружија на пасторите во водење на настанот наречен „споделена вера“.
Заедничкиот проект на „Хјуман рајтс фрст“ и „Интерфејт алајанс“ ги собра Американците во обид против антимуслиманството и негативните стереотипи кои во изминативе години се појавија низ целата земја и доведоа до погрешно разбирање, недоверба, а во некои случаи и до насилства. |
#
|
Статијата е прочитана 970 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Palaeologus |
Датум: 09.07.2011 15:38:16 |
|
А претпоставувам дека низ џамиите во муслиманските земји се чита Евангелието или Багават Гита, така? Какво лицемерие! Се бара исклучиво еднострана „толерантност“ и „разноликост“. На пример, во Саудиска Арабија самото поседување на Библија од страна на саудијски државјанин е кривично дело, кое може да се казни и со смртна казна, додека странци не смеат ниту да внесат Библија во земјата во личен багаж, туку неизоставно им се запленува на аеродром или било кој друг граничен премин. Но се разбира, за политички коректните средства за информирање тоа не претставува вест. |
|
|
|
|
|
|
|
|