Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Свет

Спектакуларен крај на најславниот таблоид

Таблоидот кој е стар 168 години, вмешан во афера на прислушување телефоните на познати личности и политичари

Вработените во „Њус оф д’ворлд“ беа шокирани од веста дека ќе бидат затворени по овонеделното издание. Нивниот политички уредник, Дејвид Вудинг, изјави дека затворањето доаѓа како „сензација“. Таблоидот, кој е стар 168 години, се обвинува за упад и прислушување телефони на жртви на криминал, познати личности и политичари. Полицијата идентификуваше 4.000 можни цели.

Внатре во „Њус оф д’ворлд“ обелоденувањето беше проследено прво со шок, потоа со солзи и, на крајот, со бес. Политичкиот уредник на „Њус оф д’ворлд“, Дејвид Вудинг, изјави дека веста е пречекана с�� огромен шок. „Некои луѓе плачат, многу се вознемирени“, им изјави тој на новинарите пред канцелариите на „Њус интернешенел“ во Вапинг, источен Лондон. Уште додаде: „Луѓето едноставно само стојат и гледаат збунето. Едноставно, не можат да поверуваат што се случува. Она за што јас загрижен е дека 200 професионалци, кои не направиле ништо лошо, ги загубија своите работни места поради она што се случило пред пет или шест години“.

Компанијата веќе ги обелодени плановите за воведување поголема седумдневна интеграција на неговите четири изданија, „Њус оф д’ворлд“, „Сан“, „Тајмс“ и „Сандеј тајмс“. Лицето за односи со јавноста во „Њус интернешенел“ одби да каже дали компанијата ќе продолжи со објавување на таблоидот во „Сандеј“. „Тоа не е вистина во моментот“, изјави портпаролката.

„Њус оф д’ворлд“ се продаваше во тираж од 2,66 милиони примероци, со потенцијална заработка од повеќе од 130 милиони фунти во приходи од тираж во рекламите годишно. Разбирливо, таквите шпекулации околу идниот изглед на пазарот не успеаја да ги утешат 200-те вработени во „Њус оф д’ ворлд“, 160 од нив се очекува да ги загубат работните места по објавата на информацијата за затворање, според еден извор во Вапинг.

Информацијата им беше пренесена на вработените од извршниот директор на „Њус интернешенел“, Ребека Брукс. Уредникот на весникот, Колин Милер, потоа одржа состанок на кој се поставуваа прашања и се одговараше на нив, за подоцна тоа да го опише како најтажниот ден во неговата кариера. Тој рече: „Колкава и да е цената што ја плаќаат овие вработени за некои престапи од минатото, ништо не треба да го минимизира сето она што го постигнал овој извонреден весник. Тој е еден од најдобрите покривачи на кампањи и истражувачки стории од кој било весник во светот“.

Изненадените новинари се собраа во „Д’кејп“, локален паб. Националниот синдикат на новинарите соопшти дека целиот деск на „Сан“ – од 30 до 35 новинари - накратко ја прекина работата во знак на протест поради затворањето на „Сандеј“.

Дан Вутон, уредник на забавната рубрика во весникот, изјави за „Гардијан“ дека вработените биле шокирани. „На тимот не му беше дадена шанса да го промени весникот“, додаде тој. Уште рече: „Очигледно има многу лутина во весникот“.

Компјутерите во весникот беа исклучени од интернет-мрежата по објавувањето на информацијата дека весникот ќе биде затворен, наводно, за да се спречат вработените да ја пренесат нивната реакција преку „Твитер“. Вудинг додаде: „Тукушто ми беше кажано дека добив отказен рок од 90 дена. Не знам кои се комерцијалните причини за овој чекор. ’Њус оф д’ворлд‘ продава четири од десет весници неделно. Дури и ако нашиот тираж беше преполовен, ќе продававме повеќе отколку многу таблоиди препознатливи по својот сензационализам“. Претходно тој за Би-Би-Си њус изјави дека вработените „знаеја дека сме во лоша ситуација, но никогаш не очекувавме олку големо изненадување како ова“. Тој уште додаде: „Пред неколку дена кога слушнавме за хакирањето на телефонот на Мили Даулер - за што никој од нас воопшто немаше никакво сознание за тоа - помисливме ’зар може да биде полошо од ова?’ Изутринава го слушнавме она за војниците и помисливме ’работите можеле да бидат полоши’, и потоа се случи ова“.

Многумина од вработените се верува дека го примија затворањето на таблоидот карактеристичен по сензационализмот во „Саднеј“ како потег да се заштити Брукс, која беше уредник на „Њус оф д’ворлд“ кога се случија некои од наводните упади во телефоните и која се најде под зголемен притисок да поднесе оставка поради скандалот. Брукс, која и понатаму е поддржувана од Џејмс Мардок, тврди дека немала сознанија за некакви незаконски дела во весникот.

Мишел Стенистрит, генерален секретар на Националниот синдикат на новинари, изјави дека потегот покажува „презир што ја има империјата на Мардок за својот лојален персонал“. Таа уште додаде: „Ова е акт на штетно ограничување за спас на репутацијата на Мардок и онаа на ’Њус интернешенел‘, која сега е извалкана до таа мера што не може да се исчисти... Затворањето на прилогот и отпуштањето на околу 200 вработени во Британија и од Ирска и оставајќи уште голем број како хонорарци и надворешни соработници без работа е акт на апсолутен циничен опортунизам“.

Во почетокот на оваа недела извршните директори за продажба во „Асошиетед њуспејперс“, дом на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, намирисаа крв откако бојкотот од јавноста и огласувачите доби во сила. „Мејл он сандеј“ ��ма тираж од 2,1 милион примероци и покрај „Сан“ и „Њус оф д ворлд“ се сметаше за „мора да се купи“ од повеќето огласувачи. Од обелоденувањето на Даулер во понеделникот, „Њус оф д’ ворлд“ доживеа егзодус на огласувачи што не беа подготвени да ризикуваат со лутината на јавноста и да бидат оцрнети за поврзаност. Компаниите ги вклучуваа „Битс“, „О2“, „3“ и „Сеинсбери“, кои придонесуваат со речиси 10 милиони фунти во годишните реклами што се трошат за ова издание - повеќе од 20 проценти од вкупниот годишен плен на „Њус оф д’ворлд“.

Сега се поставува прашањето ако се активира она што се нарекува „Сандеј сан“, колку време ќе чека „Њус интернешенел“? (Гардијан)

Грешките на премиерот!

Како излегуваат на виделина се' повеќе и повеќе валкани информации за културата на хакирање на телефони на британскиот таблоид „Њус оф д’ворлд“, политичкиот коментатор на „Дејли телеграф“ тврди дека одговорноста застанува со премиерот Дејвид Камерон, кој е лично вплеткан во социјалната клика на прес-баронот Роберт Мардок.

Во кариерите на сите премиери се случуваа пресврт. Тој или таа прави фатална грешка, од која нема закрепнување. Со Тони Блер, тоа беше војната во Ирак и неуспехот да се пронајде оружјето за масовно уништување. Со Џон Мејџор, тоа беше „црната среда“ и иселувањето на стерлингот од механизмот на девизниот курс. Со Харолд Вилсон, девалвацијата на фунтата во 1967 година ја уништи неговата репутација.

Секој пат шемата е неверојатно слична. Најпрво, тука е новиот лидер со динамичност, интегритет и спроведување на довербата добиена од нацијата. Потоа премиерот може со години да се колеба, но како многу оштетена стока.

Дејвид Камерон сега се соочува токму со таква криза. Серијата одвратни откритија што се однесуваат на неговите пријатели и помошници од „Њус интернешенел“ на Руперт Мардок трајно и неотповикливо и' нанесоа штета на неговата репутација.

Се' досега беше лесно да се тврди дека Камерон е соодветно образован со пристојни вредности. За жал, повеќе е невозможно да се изнесуваат такви тврдења. Тој направи долга низа хронични лични погрешни процени. Тој никогаш не требаше да го ангажира Енди Колсон, уредник на „Њус оф д’ворлд“, како свој директор за комуникации. Никогаш не требаше да гради пријателство со Руперт Мардок. И - најголемата грешка од сите - никогаш не требаше да си дозволи да стане близок пријател на Ребека Брукс, извршниот директор на медиумскиот гигант „Њус интернешенел“, чие срамно и понижувачко заминување од компанијата е само прашање на време. („Дејли телеграф“)


Срамниот крај на „Њуз оф д ворлд“

Лондон-  Енди Коулсон, поранешен главен уредник на „Њуз оф д’ворлд“, осомничен во скандалот со прислушувањето на мобилните телефони, беше директор за комуникации во Даунинг стрит 10

Енди Колсон вчера беше уапсен поради сомневање дека знаел за тоа или дека бил директно инволвиран во хакирање на мобилните телефони за време додека бил главен уредник на „Њус оф д’ворлд“.

Според лидерот на опозицијата, ангажирањето на Коулсон како директор за комуникации во „Даунинг стрит“ 10 е сериозна политичка грешка и потврда за погрешната процена што ја има направено премиерот Камерон, заштитувајќи го својот советник и покрај обвинувањата за директната вмешаност во скандалот.

Реакцијата на Милибанд доаѓа по одлуката на компанијата „Њуз интернешенел“ на Руперт Мардок да го затвори весникот „Њуз оф д’ворлд“ по 168 години излегување, како и по најавата за апсење на Коулсон.

„Гардијан“ дознава дека и второ апсење ќе се случи во следните неколку дена и тоа на висок поранешен новинар во весникот. Протекувањата информации од „Њус интернешенел“ ја принудија полицијата да ги забрза плановите за апсење на двајцата клучни осомничени по експлозивниот скандал со хакирање на телефоните. „Гардијан“ го знае идентитетот на вториот осомничен, но не го објави името за да избегне загрозување на полициската истрага.

Колсон, кој во јануари поднесе оставка како директор на комуникации на Дејвид Камерон, беше контактиран во четвртокот од страна на детективите и било побарано од него завчера да се појави во полициската станица во централниот дел на Лондон каде што ќе му биде кажано дека ќе биде и официјално испрашуван под сомнение за инволвираност во случајот.


#
Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Белгија останува без влада
Тунис не сака да се исламизира
Последниот лет на „Атлантис“
Телефони без граници во ЕУ
Нема градба на минариња
Во црквите низ САД се чита Коранот
Што ако банкротира Грција?
Илјадници демонстрираат

"""