Илјадници демонстрираат
Илјадници Еѓипјани вчера се собраа на плоштадот Тахрир во Каиро барајќи повеќе реформи и санкции против претставниците на поранешниот режим на Хосни Мубарак.
Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува "Нашата револуција продолжува", "Народаот сака да бидат реализирани ветувањата од арапската пролет" и "Не видовме промена. Го соборивме Мубарак, но имаме маршал на негово место".
Демонстрациите се организирани на повик на продемократските младински движења и секуларните партии. Движењето "Муслиманско братство" исто така повикува на демонстрации.
Демонстрантите бараат и оставки одпретставниците на поранешниот режим, кои се уште се на владини функции и во администрацијата. |