Што ако банкротира Грција?
„Што ќе прават Бугарите ако Грција банкротира?“. Ова прашање го вознемири софискиот неделник „Капитал“, кој укажува на тоа дека пет од 30 банки во Бугарија се во сопственост на Грци и дека Грција долго време е важен економски партнер. „Соочени со можноста за банкрот на нашиот сосед“, предупредува „Капитал“, „не треба да се реагира како во војна меѓу племиња: сите ќе загубат“. Бидејќи 10 проценти од бугарскиот извоз главно во текстил, дрво и метал оди за Грција, кризата ги промени влоговите. „Голем број странски инвеститори отсекогаш гледаа кон југоисточна Европа како целина, а не кон некоја одредена земја“, нагласува „Капитал“, кој стравува дека блискоста на Бугарија со Грција ќе доведе до пад на странските инвестиции . |