„Македонија има сериозен бран инвестиции од Турција што почнуваат да се реализираат или се најавени да почнат“, изјави премиерот Никола Груевски по поставувањето камен-темелник за изградба на објект на приватната специјална очна болница „Европа“. Освен оваа очна болница, според Груевски, во земјава има наплив и на други турски инвестиции. Една од нив е најавата на компанијата „Џевер“ за инвестиција не помала од 150 милиони евра за изградба на четири 40-катници во општината Аеродром, со трговски центри во наредните од четири до шест години.
„Компанија ТАВ влезе со инвестиција од над 150 милиони евра за реконструкција на двата аеродрома и изградба на нов карго-аеродром. Турски инвеститор ја купи и фабриката за производство на лепила ’Белене‘ во Берово што беше во рамките на ОХИС. Треба да почне градба на компанија за експлоатација на мермер во околината на Прилеп, а во најава се изградба на цементарница, фабрика за производство на храна и прехранбени продукти, како и најавената инвестиција на ’Шише џам‘, што се надеваме дека кон крајот на оваа година или почетокот на следната ќе почне да се реализира“, рече Груевски.
Тој посочи дека компанијата „Шише џам“ врши подготовки, мерења и истражувања поврзани со разни репроматеријали и минерали, места каде што ќе може да се стационира фабриката. „Проблематично е да биде во Бунарџик, додаде тој, бидејќи висината на оџаците не може да биде толкава поради близината на аеродромот“. (МИА)
Od moi bugarski drugari znam deka golemite turski firmi imat uslov mestniot personal da e od turski etnos i da zboruva turski jazik. Za toa istite bea ukinati od BG, samo Shishe jam sa u Razgrrad deka ziveat mnogu turci.
Од: ROMPLUS
Датум: 28.06.2010 15:06:09
Обеќање за луд равовање..............
Многу турски инвеститори кои не вло`иле нити денар до денес во инвестиции.Да точно дека се купени аеродрумите но тоа купопродажна цена,инвестицци нема или се чека да се заработи од работа на аеродрумите и од заработката да се инвестира. Сли~на состојба со ,,АКЧЕЛИК,, кој сака да гради во општина Аеродрум но нема пари за банкарски гаранции и за градба,туку би градел со пари од продажба на ,,идна,, градба. ЧУВАЈТЕ СЕ.