Белград - Просечната нето-заработувачка во Србија во мај изнесуваше 320 евра, што е реално помалку за 5,5 отсто, а номинално за 4,3 проценти отколку во претходниот месец. Во Србија просечната нето-заработувачка во мај беше реално поголема за 3,7 отсто отколку во истиот месец во 2009 година, а номиналната од 7,6 отсто. Како што објави Заводот за статистика, просечната заработувачка со данок и придонеси исплатени во мај изнесуваше 444,5 евра, што е реално, исто така, помалку за 5,5 отсто, а номинално за 4,3 отсто отколку во април.
Србите, според висината на платата, со заработени од само 320 евра месечно, се на крајот и понатаму го држат неславното место во овој регион. Полоши од нив во висината на заработувачката моментално се само Македонците. Економистите не ги чуди ваквото движење на просечните заработувачки и драстичен пад на месечно ниво. „Тоа едноставно е знак дека Србија и понатаму е во длабока економска криза“, вели Саша Ѓоговиќ, соработник во Институтот за пазарни истражувања. Тој вели дека „нема нови инвестиции ниту нарачки кои би ја зголемиле вработеноста, а со тоа и поголема вработеност на производните капацитети и заработката. Ѓоговиќ додава дека заработките во нестопанството и понатаму се над заработувачката способност на нашето стопанство и како такви мора да останат замрзнати, без делење какви било бонуси. Бидејќи така само вештачки се крева стандардот на вработените, пред се', во јавната администрација. На тој начин се зголемува јавната потрошувачка наместо да се редуцира преку реформи во јавниот сектор.
Највисока плата минатиот месец анализирајќи ја заработувачката по дејности добија нафташите 95.164 динари, речиси три пати повеќе од републичкиот просек. Не можат да се пожалат ниту вработените во организациите врз база на зачленување, какви што се коморите. Тие дома однесоа во просек по 72.893 динари. Следуваат банкарите кои заработија илјада динари помалку отколку 71.161 динар. (Б-92)
Idemo dalje, PRERODBATA prodolzuva, samo se prashuvam koga ke se pre-rodime
Од: Професорка
Датум: 28.06.2010 10:31:21
Абе како ние полоши од Србите? Па нели трети во свет сме по реформи? Итно да престанат реформите, преродбата и тоа 24/7 да се мавне, дека ќе станеме полоши и од Хаити, ако веќе не сме.
Од: Ruanda
Датум: 28.06.2010 12:01:10
Sto gi gledame Srbite i drugite Balkanci,nie se trkame so Ruanda i Kirgistan,tie se na prvoto i vtoroto mesto po reformi!
Од: alek
Датум: 28.06.2010 12:41:11
rezil ziv...leto Gospodovo 2010,21 vek,moderno opstestvo,kobajagi kriza,a cela evropa se utepa zemajki ubavi plati,ziveejki normalno...a nie ne mozeme da se vratime na nivoto od 1990 godina,koga imase solidni plati vo zemjata...rabotime sto bi rekle srbite za "crkavica"-baksisce nekoe bedno...tolku zarabotuva kelnerce za edna nedela i toa bez dnevnica,samo baksis vo nekoj restoran vo pariz ili london...dodeka se opravi celiot ovoj gnilez okolu nas...ostarevme..ponekogas cuvstvuvam samosozaluvanje za sebe i mojata generacija sto porasnavme i najubavite godini gi pominavme i pominuvame vo nemastija,stedenje,snaogjanje i mizerija...crno bela politika celo vreme,haos..i posle nemalo da vadime bugarski pasosi..more ne bugarski-arapski ke barame samo za da poziveeme dostojno!sramota neli???
Од: ne e bitno
Датум: 28.06.2010 18:30:01
Alek, toa e toa, ubavo go kaza, no pogolema sramota e covek da ne se izbori za svojot podobar zivot otkolku dali ke ima bugarski ili neznam kakov pasos. I germanski neka e , sepak toj ke e pasos na drzava koja gi garantira tvoite prava za zivot. Toa e poveke od dovolno. Zivotot nema cena, a pasosot ima. Svetot e golem i ima mnogu drzavi i narodi i luge vo istinska smisla na zborot. Nekoj anglicanec domot si go nasol vo USA ili New Zealand, nekoj Meksikanec vo Germanija, Makedonec vo Kanada. Lugeto se mesaat i vrtat bez razlika na toa kade se rodile, svetot stanuva edno, samo uste na nekoi sto ziveeat vo zatvoreni drzavi ne im e jasno.
Од: elena
Датум: 28.06.2010 18:49:27
Kupovnata mok na naselenieto e osnova za pridvizuvanje na stopanstvoto i ekonomijata. Ako sekoj makedonec ima prosecna plata od da kazeme 800 eur mesecno, so ovie ceni na proizvodi koi sega vazat, da vidite kako ke se razmrda ekonomijata... pa ke se kupuvaat koli, stanovi, mebel, akcii, ke se otvoraat stedni vlogovi, ke se zemaat krediti za unapreduvanje na stopanstvoto... ke se otvoraat novi rabotni mesta kaj proizvoditelite kako rezultat na pogolemata pobaruvacka na dobra... resenieto e mnogu ednostavno za izlez od celata kriza