Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Г-8 не постигна договор за наметнување глобален данок врз банките

Ханствил – „Земјите од Г-8 на средбата на врвот во Хантсвил, Канада, не постигнаа договор за наложување данок врз банките и останува на секоја од нив да го воведе или не“, изјави претставник на земјата-домаќин. „Нема договор за глобален банкарски данок“, изјави на прес-конференција Лен Едвардс, главен канадски преговарач за средбата на Г-8. Тој додаде оти за сметка на тоа, секоја земја останува слободна да дејствува, како што ќе посака, на пример, Франција, Велика Британија и Германија се благонаклонети кон идејата.

„Лидерите на Г-8, исто така, се договорија во наредните пет години да донираат нови пет милијарди долари за подобрување на здравјето на мајките и малите деца во земјите во развој“, изјави канадскиот премиер Стивен Харпер.

Средствата се наменети за напорите во исполнувањето на една од Милениумските цели на развојот на ОН, а една од тие цели е и стапката на смртност меѓу мајките и малите деца да се намали за три четвртини. (МИА)


#
Статијата е прочитана 241 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Профит во име на Алах
Грција демантира дека планира да ги продава своите острови
Економијата пак е во минус, власта уверува ќе има раст
„Тојота“ повлекува 17.000 модели на „лексус“
Од Србите помалку се платени само Македонците
Македонија соочена со наплив на турски инвестиции
Банкротираа уште три американски банки
До 2012 година „Фејсбук“ ќе има милијарда члена