„Тојота“ повлекува 17.000 модели на „лексус“
Вашингтон - Јапонската автомобилска индустрија „Тојота“ соопшти дека од пазарот ќе повлече околу 17.000 модели на луксузното хибридно возило од марката „лексус“.
Ваквата одлука е донесена откако американските контролни органи утврдиле дека при удар одзади на моделот на седан „лексус ХС 250“ доаѓа да истекување на гориво од возилото. „Тојота“ соопшти дека при тестирање во нејзините погони, не е утврден таков проблем, но дека, сепак, решила да ги повлече возилата од тој модел и им нареди на своите дилери да престанат со нивна продажба.
Претставник на компанијата информира дека засега не е најдено решение за овој проблем со истекување на горивото.
Во текот на минатата година, поради разни дефекти, „Тојота“ повлече над 8,5 милиони различни модели на своите возила. (МИА) |