Косовка со 100 евра поткупувала цариник
Педесет и тригодишна државјанка на Германија, родена во Косово, се обидела со 100 евра да поткупи македонски цариник. Во четвртокот околу 18,30 часот за излез од Македонија преку преминот Богородица пристигнал „мерцедес“ со германска регистрација, управувано од Ф.З. од Ѓаковица, а во кое биле уште три лица и десетмесечно бебе. Германката од Косово во патните исправи што му ги предала на цариникот ставила и 50 евра, а откако службеникот и' ги вратил пасошите, таа ја засилила понудата со уште 50 евра. Проблемот бил во тоа што десетмесечното бебе немало патна исправа, туку само германски документ за патување, но цариникот го пријавил поткупот и против Ф.З. е поднесена кривична пријава. (Г.А.) |