И стечајната управничка ги оспори хипотеките на „Фи-ком“
По неколкуте тужби кои во името на измамените граѓани во аферата „Фи-ком“ ги поднесоа нивните адвокати, а со кои се бараше оспорување на хипотеките, сега тоа го стори и стечајната управничка. Имено, и стечајната управничка, која сега раководи со целокупниот имот на брачната двојка Никола и Весна Николиќ, поднесе тужба до судот со која бара поништување на сите хипотеки ставени на неколкуте станбено-деловни објекти. Ваквата одлука на стечајката не само што значи потврда на она што и досега го работеа адвокатите, туку и најава за нивно приклучување кон тужбата на стечајната управителка.
За многумина токму ставањето под хипотека на дел од имотот, всушност, претставувало почеток на големата станбена афера наречена „Фи-ком“, а која резултираше со пресуди за сопствениците на компанијата од по десет години затвор. (Љ.С.) |