Од куќа украден сеф со 20.000 евра
Метален сеф, во кој имало 20.000 евра, е украден од куќа во скопското село Визбегово, соопшти МВР. Кражбата се случила за време на божикните празници. Крадците ја провалиле влезната врата, го пронашле сефот и со него ја напуштиле куќата. Без 4.000 евра и златен накит останал сопственик на куќа на улицата „Московска“ во Скопје откако крадците насилно влегле во неговиот дом. За време на божикните празници била евидентирана кражба и во магацин во Мала Речица, каде биле украдени 106 чифта чизми, вредни 10.000 евра. (Г.Е.) |