Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Ленс Армстронг се врати

Доаѓањето на Американецот во Астана ќе предизвика проблеми со сегашниот лидер Контадор

„Ленс Армстронг доаѓа во нашиот тим“, изјави претседателот на велосипедскиот сојуз на Казахстан Николај Проскурин, со што се потврдија шпекулациите за доаѓањето на Американецот во Астана, откако седумкратниот победник на Тур де Франс изјави дека му се враќа на професионалниот велосипедизам.

Потврдата за сигурното доаѓање на Армстронг стигна од Австралија, каде 37-годишниот возач од Тексас е пријавен за „Тур Даун андр“, трка која почнува на 20 јануари. Задоволството од враќањето на Ленс Армстронг на велосипедизмот и доаѓањето во Астана донекаде е поматено по изјавите на моменталниот лидер на Астана Алберто Контадор. „Поради сето тоа што го направив во последно време неприфатливо е сега да се борам за правото да бидам лидер на тимот. Сега, кога е потврдено доаѓањето на Армстронг, се отвораат можности за многу проблеми во тимот“, изјави Контадор за шпанскиот „Ас“.

Шпанскиот велосипедист со победата на Вуелта стана петтиот човек во историјата кој славел на сите три најголеми трки, Тур де Франс, Џиро де Италија и Вуелта де Еспања, и со право е огорчен од можноста да ја загуби лидерската позиција во тимот. За многумина кои велосипедизмот го следат површно, непознато е дека токму во тимскиот спорт напорите на возачите се врзани за лидерот на екипата. Алберто Контадор во моментов е во позиција која не му дозволува да биде „водоносец“ на некој друг, па макар се работело и за големиот Ленс Армстронг.

Сепак, Проскурин на почетокот се потруди да го оневозможи потенцијалниот конфликт. „Се создадоа одредени тензии, но убеден сум дека ситуацијата ќе се држи под контрола. Сигурен сум дека Армстронг ќе стане нов препознатлив „бренд“ на казахстанскиот спорт. Но, исто така знам дека тој во Астана нема да биде единствената ѕвезда. Ќе биде еден од водачите на тимот. Кај нас има место и за Армстронг и за Контадор“, изјави Проскурин.


Статијата е прочитана 90 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Првата лига без Шутова и Лешок, виси и Лирија
Шах - Николовска 20. на ЕП за млади
Против Јужна Африка во Јоханесбург
Мумин сигурен патник за Ливерпул
Хипо падна на „Кале“ како во старите добри времиња
Гилермо Кањас ограбен пред неговиот стан
Нов гол на Горан Пандев
Фудбалски вести