Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Против Јужна Африка во Јоханесбург


Кевин Андерсон на мастерсот во Мајами го изненади Ѓоковиќ

Јужноафриканците среќни што им падна Македонија во Дејвис купот

Роберт Димитриевски

Единствениот натпревар од првото коло во рамките на Првата група од Евроафриканската зона на Дејвис купот меѓу Јужноафриканска Република (ЈАР) и Македонија, ќе се одигра во Јоханесбург, обелодени претседателот на Јужноафриканската тениска асоцијација (САТА), Јохан Кортс. Јужноафриканците во јули годинава таму ја пречекаа Данска и ја победија со максимални 5:0 во второто коло од Втората група. Станува збор за тенискиот комплекс „Емперорс палас“, со 1.400 места за седење, а централниот терен е со бетонска подлога и на отворено. Ако од 6 до 8 март 2009 падне Македонија, во тој објект ќе гостува и Белорусија во второто коло предвидено за 8-10 мај.

„Натпреварот со Данска беше распродаден, што покажува дека тениската публика во ЈАР е гладна за меѓународни натпревари. Играчите сакаат да играат дома и да добијат поддршка од навивачите“, изјави генералниот секретар Јан Смит.

Во САТА и во националниот тим на земјата-освојувач на Дејвис купот во 1975 година не го кријат задоволството од ждрепката и сметаат дека им е отворен патот до плејофот за враќање во Светската група, во која настапуваа од 1995 до 1998 година.

„Некогаш Бог ви се насмевнува“, беше реакцијата на претседателот Кортс по извлекувањето во вторникот во Мадрид.

„Ждрепката е поволна“, смета и селекторот Џон-Лафни де Јагер, под чие водство најбогатата африканска држава со осум победи во низа за две години од Третата напредуваше до Првата група. „Тоа што ќе играме два меча на домашен терен е фантастично не само за тимот, туку и за цела Јужна Африка“.

Во тамошните медиуми преовладува мислењето дека Македонија не е сериозна закана, повикувајќи се на нискиот моментен ранкинг на нејзините репрезентативци, споредувајќи го 615. место на АТП-листата во сингл на првиот македонски рекет Предраг Русевски со 118. на нивниот најдобар тенисер Кевин Андерсон. Според нив, многу потешко ќе биде против Белорусија, која беше совладана во 1999 година во Кејп Таун, но ЈАР загуби на гостувањето во Минск пред две години и тогаш испадна од Втората група. Домашниот терен се смета за голема предност во двата претстојни дуела.

Јужна Африка се пласира во Првата група со победата од 3:2 на гости над Монако минатиот викенд. Нејзин творец беше Рик де Вуст (170.), кој го донесе решавачкиот поен со победата над Бенжамен Балере (457.) од 7-5, 6-2, 6-1. ЈАР по првиот ден водеше со 2:0, но потоа загуби во двојки, по што и Андерсон беше изненаден од Жан-Рене Лиснар (231.) со 6-3, 6-4, 7-6 (2).


Статијата е прочитана 121 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Првата лига без Шутова и Лешок, виси и Лирија
Шах - Николовска 20. на ЕП за млади
Мумин сигурен патник за Ливерпул
Хипо падна на „Кале“ како во старите добри времиња
Ленс Армстронг се врати
Гилермо Кањас ограбен пред неговиот стан
Нов гол на Горан Пандев
Фудбалски вести