Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Нов гол на Горан Пандев

Нашиот репрезентативец го постигна вториот гол во победата над Фиорентина со 3:0

Лацио ја декласира Фиорентина со 3:0 (Пандев го постигна вториот гол во мечот, негов трет во оваа сезона во Серија А), Милан нешто потешко од очекувањата стигна до нови три бода, токму како и Интер, Јувентус е казнет поради бројните промашувања во дуелот со Катанија и новата бламажа на Рома, се карактеристиките во четвртото коло во италијанското фудбалско првенство.

Лацио ги задржа трите бода во Рим во дуелот со „виолетовите“ благодарение на извонредната партија во второто полувреме. Лацијалите го „збришаа“ гостинот од Фиренца и за само осум минути го решија победникот во натпреварот. Маури погоди во 51 минута, Пандев во 55, а Сивилја ја дотолче Фиорентина во 59 минута за конечни 3:0. Чистка десетка за играта заслужи и нашиот интернационалец, Горан Пандев, кој заедно со Зарате прераснуваат во еден од најдобрите напаѓачки тандеми во калчото.

Рома доживеа нова бламажа во Серија А. „Римската волчица“ овојпат беше растргната од незгодниот состав на Џенова со 3:1. Мрежата на Дони беше начната уште во четвртата минута. Скули им донесе предност на домашните, Роси израмни во 28 минута и тоа беше се' што римјаните успеаа да сторат на стадионот „Луиџи Ферара“ во Џенова. Работата ја заврши повратникот во калчолигата, Диего Милито, со кого Џенова игра како препородена. Се запиша во листата на стрелци во 61 и 88 минута, а неговиот клуб им порача на конкурентите во лигата дека нема многу да се изнаиграат на нивниот тревник сезонава. Го почувствува тоа Рома во средата, го почувствува тоа и Милан во воведното коло.

Интер остана лидер на табелата. „Нероазурите“ го совладаа тимот на Лече, минимално, со 1:0 со погодокот на Круз во 79 минута. Тежок пат до новите три бода имаше и Милан. „Росонерите“, пак, славеа кај Реџина со 2:1. Бориело во 24 и Пато во 73 минута стрелаа за составот на Карло Анчелоти, погодокот за домашните беше дело на Коради во 59 минута.

Од фаворитите во Серија А, покрај Рома, во средата не успеа да слави и Јувентус. „Старата дама“ беше казнета за бројните промашувања во Торино и на крајот мораше да се задоволи само со бод (1:1) во дуелот со Катанија.

Серија А, 4. коло

Резултати: Интер - Лече 1:0, Реџина - Милан 1:2, Јувентус - Катанија 1:1, Џенова - Рома 3:1, Лацио - Фиорентина 3:0, Болоња - Удинезе 0:3, Аталанта - Калјари 1:0, Киево - Торино 1:1, Наполи - Палермо 2:1, Сиена - Сампдорија 0:0.

Табела: Интер 10, Лацио 9, Аталанта 9, Наполи 8, Јувентус 8, Удинезе 7, Катанија 7, Џенова 6, Милан 6, Палермо 6, Торино 5, Сиена 5, Киево 5, Рома 4, Лече 4, Фиорентина 4, Сампдорија 3, Болоња 3, Реџина 1, Калјари 0.

Идно коло: Сампдорија - Јувентус, Фиорентина - Џенова, Катанија - Киево, Удинезе - Сиена, Рома - Аталанта, Лече - Калјари, Болоња - Наполи, Торино - Лацио, Палермо - Реџина, Милан - Интер.


Статијата е прочитана 452 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Првата лига без Шутова и Лешок, виси и Лирија
Шах - Николовска 20. на ЕП за млади
Против Јужна Африка во Јоханесбург
Мумин сигурен патник за Ливерпул
Хипо падна на „Кале“ како во старите добри времиња
Ленс Армстронг се врати
Гилермо Кањас ограбен пред неговиот стан
Фудбалски вести