Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Гилермо Кањас ограбен пред неговиот стан

Тројца вооружени разбојници го ограбија аргентинскиот тенисер, Гилермо Кањас. Му земаа пари, кредитни картички и други приватни работи и по завршената работа заминаа во непознат правец со неговиот автомобил, Мерцедес Бенц.

Кражбата се случи во раните утрински часови, во моментот кога аргентинскиот тенисер го паркираше својот автомобил пред неговиот стан во Ла Матанца, кварт во северисточниот дел на Буенос Аирес. Кањас мина без последици во ситуацијата.

„Фала му на Бога - се' добро се заврши. Гилермо сега е добро и се опоравува од првичниот шок“, рече неговиот татко, Луис.

Минатиот викенд Кањас настапи во Дејвис куп полуфиналето против Русија во кое „гаучосите“ славеа со 3:2 и се пласираа во мечот за титулата. Кањас настапи во мечот во двојки заедно со Августин Калери, но Аргентинците загубија од руската комбинација Турсунов/Куницин со 3:2 (2:6, 1:6, 7:6, 6:3, 8:6).

Аранча Санчез повторно се омажи



Сопственичката на четири Гренд слем титули, Шпанката Аранча Санчез, повторно влезе во брачни води, пренесува шпанскиот весник „Спорт“. Нејзиниот избраник овојпат е бизнисменот Хозе Сантакана, а свеченоста се одржа во замокот Пералда во градот Хирона. На свадбената церемонија присуствуваа над 100 гости, а Аранча беше придружувана од нејзините двајца браќа, Емилио и Хавие, кои исто така се професионални тенисери. Емилио е капитен на шпанскиот Дејвис куп тим. На свадбата на неговата сестра тој пристигна непосредно по победата на „црвената фурија“ над селекцијата на САД полуфиналето во Дејвис купот.

Аранча носеше фустан со гол грб и бели цветни орнаменти, додека младоженецот беше во сив костум.

Санчез е првата шпанска тенисерка која е „станар“ од Куќата на славните. Во неа влезе во 2007 година. Тениската кариера ја заврши во ноември во 2002 година. Нејзиниот прв сопруг беше спортскиот новинар, Жоан Хирона.


Статијата е прочитана 117 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Првата лига без Шутова и Лешок, виси и Лирија
Шах - Николовска 20. на ЕП за млади
Против Јужна Африка во Јоханесбург
Мумин сигурен патник за Ливерпул
Хипо падна на „Кале“ како во старите добри времиња
Ленс Армстронг се врати
Нов гол на Горан Пандев
Фудбалски вести