Истрага поради поткуп
Вашингтон - Американското Министерство за правда и владината регулаторна агенција ја прошируваат истрагата за можно поткупување претставници на властите во Русија и во Германија од компјутерската компанија „Хјулит-Пакард“ (ХП), се наведува во нивните документи.
Во тек е истрага за слични прекршоци во Австрија, Србија, Холандија и во ЗНД. Според тие обвиненија, локалните службеници на ХП ги подмитувале сопствените претставници, приватни организации и партнерите за да ги користат производите од нивната фирма. Поткупите започнале уште пред десет години. Во септември американските владини агенции почнаа заедничка истрага со германските власти во врска со подмитување, проневери и избегнување плаќање данок, а се во врска со германската подружница на ХП, која наводно исплатила мито со вкупна вредност од 35 милиони евра. (МИА) |