Дивоградбите се од минатиот век
Најголемиот дел од дивоградбите се изградени во последните неколку децении од минатиот век, а податокот дека 60 отсто од куќите во Македонија се дивоградби говори дека законските решенија од областа на градењето во тој период не биле доследно и континуирано применувани. Вака министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го објаснува големиот процент на дивоград��и во земјава, кои со новиот закон ќе може да ги легализираат.
Процесот на легализација треба да се заокружи во наредните осум години, колку што е предвидено да важи законот. „Откако ќе стапи во сила законот, во првите шест години треба да се поднесе барање до соодветниот орган и мора да се испочитува рокот“, апелира Јанакиевски. Општините ќе треба во рок од три месеци од барањето да се изјаснат за дивоградбата. (МИА) |