Пад на странските инвестиции
Вашингтон - Вкупниот обем странски директни инвестиции во светот се намалил во кризната 2009 година, во споредба со 2008 година, за 40 проценти, достигнувајќи 354 милијарди долари, се наведува во најновиот извештај на Светска банка за глобалните финансиски текови и надворешниот долг на земјите во развој.
Обемот на кредити од приватни кредитори се намалил за цели 70 отсто н�� 59 милијарди долари во споредба со 182 милијарди долари во 2008 година.
Глобалниот проток на капитал кон пазарите во развој во целина опаднал за 20 проценти - од 744 милијарди долари во 2008 година на 598 милијарди долари една година подоцна.
Документот потврдува дека од кризата најмногу настрадале земјите од Европа и од Централна Азија, вклучувајќи ја и Русија. (МИА) |