Најголем раст на извозот во ЕУ
Брисел - Бугарија од сите земји-членки на Европската унија забележа највисок раст на извозот во првите девет месеци од годината, покажуваат податоците објавени на Интернет-страницата на Евростат.
Извозот на Бугарија во периодот од јануари до септември е зголемен за 33 проценти. Втора е Летонија со 29 проценти, потоа следуваат Литванија и Естонија со по 28 проценти и Романија со 26 проценти.
Пад на извозот е забележан само во Луксембург со извоз од четири проценти.
Во истиот период најголемо зголемување на увозот забележува Шведска со 30 проценти, потоа Литванија со 29 проценти и Чешка и Словачка со по 24 проценти. Увозот на Бугарија е зголемен за девет проценти, а на Романија за 19 отсто. Во Грција во првите девет месеци од годината увозот е намален за 12 проценти, а додека во Ирска за еден процент.
Германија има најголем трговски суфицит за периодот од јануари до септември во висина од 113,5 милијарди евра, а Велика Британија најголем дефицит од 84,8 милијарди евра.(МИА) |