Како бил спасен Волстрит?
Под притисок на Конгресот, Федералните резерви неодамна открија како со 10 билиони долари ги спасиле најголемите американски банки во кризата
Колку тешко финансиската криза ги погодија САД, а потоа и други земји во целиот свет во 2008 година не се знаеше се' додека Федералните резерви (ФЕД) ��е ги објавија податоците за т.н. преку ноќ кредити за ликвидност на банките што изнесуваа 9 билиони (англ. трилиони) долари. Освен тоа, ФЕД откупи и билион долари вредни хипотекарни обврзници и комерцијални обврзници од банки, во вредност од уште еден билион долари. Во однос на бројката од 10 билиони долари, пакетот помош од државниот буџет на загрозените компании и банки од 700 милијарди долари, кој го почна Џорџ Буш, а го продолжи Барак Обама, изгледа како ситниш.
Најголемиот дел од кредитите беше одобрен во 2008 година на врвот на кризата и според изјавите на првите луѓе на ФЕД кредитот, главно, е вратен, но била потребна иницијатива од Конгресот, пред се', од конгресменот Рон Пол и донесување закони за да може американската јавност да дознае што се прави со нивните пари. Дури и по барање на Конгресот, некои дејности на ФЕД со банките од Волстрит и понатаму остануваат тајна.
Освен што е откриено дека во 2008 година финансискиот систем на САД беше пред колапс и дека американската централна банка секојдневно зајмувала милијарди долари, за да не банкротираат некои од најголемите светски банки, Американците дознаа дека со нивните пари биле спасувани и европски и азиски банки.
Покрај тоа, исто така, неверојатен податок е дека освен на банките на кои им е „последно засолниште“ кога се потребни пари за ликвидност, ФЕД зајмувал пари по исклучително ниски камати и на компании како што се „Генерал моторс“, „Тојота“, „Харли Дејвидсон“, „Мекдоналдс“ или „Катерпилар“. Се чини дека тие денови секој што бил во финансиски проблеми се обраќал на ФЕД и добивале некоја милијарда свежи отпечатени долари. Најголем корисник на овие краткорочни кредити била инвестиционата банка Мерил Линч, која во 226 заеми добила 2,1 билион долари. Наспроти тоа, оваа банка паралелно со пропаста на „Лиман брадерс“, ја презема Банка на Америка.
„Ситигруп“, која ја спасуваа и државата, т.е. Министерството за финансии, зајмила 2 билиона долари, додека „Морган Стенли“, трет наголем примач на заем од ФЕД зајмила 1,9 билиони долари. Најголем поединечен кредит од 47,9 милијарди долари добила банката Беркли во септември 2008 година, за купување на имотот на пропаднатата „Лиман брадерс“.
Како пример за добра банка на која не и' била потребна помош од централната банка, се наведува ЈП Морган Чејс, која зајмила „само“ 3 милијарди долари. На листата на најголеми корисници на кредити се и Банка на Америка, „Беар Стернс“ и „Голдман Сакс“.
Според соопштението на ФЕД, ниту во една од околу 21.000 трансакции централната банка не била во загуба, а на некои добро заработила.
Сепак, конзервативниот дел од јавноста ја критикуваше ФЕД, кој и така се наоѓа на удар на републиканските политичари, а овие податоци се и последица од акцијата „да го спречиме ФЕД“ на тексашкиот конгресмен Рон Пол, кој тврди дека некои од најважните одлуки во земјата, како таа колку пари ќе се наоѓаат во оптек и колку долари ќе се испечатат, ги донесуваат само неколку луѓе кои не се под никаква контрола. Освен тоа, за некои овие кредити, кои буквално го спасија Волстрит, се доказ на понатамошна цврста врска меѓу претседателот на ФЕД Бен Бернанки и Волстрит, пред се', со „Голдман Сакс“, од каде што дојде на оваа позиција. Какво влијание имаат банките на американската политика зборува податокот и дека Тимоти Гајтнер, шеф на Трезорот на американското Министерство за финансии, исто така, е поранешен кадар на „Голдман Сакс“.
Меѓутоа, она што посебно е интересно е дека ФЕД откупуваше и хипотекарни обврзници, кои во кризата се покажаа како безвредни и комерцијални хартии од некои европски банки. Исто така, Дојче банка продаде на ФЕД вакви хартии за 300 милијарди долари, додека „Кредит Свис“ зема од ФЕД 290 милијарди долари во замена за овие хартии. Вкупно, ФЕД откупи хартии покриени со хипотеки за над билион долари. Најмногу комерцијални обврзници на ФЕД му продаде швајцарската банка УБС, за 75 милијарди долари, а помош доби дури и корејската државна банка.
Сенаторот Бернард Сандерс оцени дека Американците, конечно, дознаа како ФЕД го спасуваше Волстрит и корпоративната Америка, со пари од даночните обврзници.
„Можеби и најголемо изненадување е огромната сума што отиде за спасување странски банки и корпорации. Како резултат на ова откритие, членовите на Конгресот детално ќе размислат за тоа како функционира ФЕД“, предупреди Бернард. (Балканмагазин) |