„Синтезис“ на концерти во Канада и во Англија
Од 3 до 8 јуни македонската етногрупа „Синтезис“ е на гостување во Канада, каде што ќе одржи три концерти.
Првиот концерт на 4 јуни ќе се одржи во хотелот „Шератон“ во Торонто за делегатите и за гостите на втората конференција на УМД. Вториот концерт ќе биде на 6 јуни, во Виндзор, а потоа „Синтезис“ повторно ќе се врати во Торонто и на 7 јуни ќе го одржи третиот концерт од канадската турнеја, во „Асембли хол“. Овој концерт е дел од номинацијата на списанието „Торонто ексклузив“, кое ја номинираше македонската група за најдобар албум „Идентити“ во 2008 година.
На своето враќање од Канада групата ќе одржи и концерт во Лондон, во „Риц миџ клубот“.
Севкупната турнеја е во организација на МАГ-култура и искуство од Скопје и со поддршка на Министерството за култура на Македонија. |