ЏОН ТРАВОЛТА
Во страв за бременоста на сопругата
Џон Траволта и неговата 47-годишна сопруга Кели Престон постојано се консултираат со специјалистите зашто стравуваат дека Кели би можела да го изгуби детето.
- Сега кога Кели е бремена, Џон и таа не можат да престанат да размислуваат за ризиците што ја следат бременоста на нејзина возраст. Водат трка со времето и веројатно се во паничен страв додека Кели не роди здраво дете. Ако нешто тргне на лошо, ќе бидат скршени - открил еден од пријателите на славниот пар.
Пред две недели Траволта и неговата сопруга на своите официјални веб- страници објавија дека очекуваат дете. „Невозможно е да се чува тајната, особено ваква прекрасна.
Сакаме да бидеме први, кои со сите ќе ја поделиме оваа прекрасна веска дека очекуваме поднова“ - пишувало на сајтот на Траволта и Престон. Иако некои медиуми спекулирале дека двојката ќе добие близнаци, семејниот портпарол набрзо го демантирал тоа. Траволта и Престон имаат 10-годишна ќерка Ела, а нивниот 16-годишен син Џет, кој боледуваше од аутизам, почина минатата година за време на семејниот одмор на Бахамите. |