Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Емил Илиќ се подготвува за нов светски рекорд

Спортистот ќе се обиде да препешачи повеќе од 204 километри без одмор на делницата од Белград до Скопје

Познатиот спортист од нашата држава Емил Илиќ, чиј рекорд од непрекинато одење пешки без одмор во должина од 204 километри, минати за 35 часа на патеката од Битола до Скопје го призна и Академијата за невообичаените светски рекорди, се подготвува за нов подвиг, уште потежок од овој што го постигна минатата година.

Тој има намера да го подобри сопствениот светски рекорд во непрекинато одење пешки од 204 километри, овој пат на делницата од Белград до Скопје. Колку ќе успее во тоа, останува да се види, бидејќи оваа патека е долга 440 километри, што ќе бара од него посебни напори и многу солидни подготовки, кои можеби нема да бидат доволни со оглед на должината на патеката.

Илиќ предвидува да стартува од Белград на 4 септември, во Скопје да пристигне на 8 септември, Денот на независноста на Македонија. На овој на напорен пат ќе го придружува екипа од 12 члена, со задолжителен лекар, новинари, телевизиски сниматели.

Емил Илиќ веќе еден месец се подготвува за овој несекојдневен подвиг, секој ден пешачи по 30 километри за да биде физички „поткован“ за сите напори што го очекуваат на овој пат. Тој е свесен дека ќе биде навистина тешко во еден здив да се минат 440 километри, без одмор, спиење, но се надева дека ќе успее да стигне барем до Лесковац, маршрута долга 300 километри, со која ќе го подобри досегашниот светски рекорд од 204 километри, доколку му снема сила да го продолжи патот до крајот на својата цел - Скопје.

Емил Илиќ досега има забележано два неверојатни подвига. Во 2005 година одеше пешки од Скопје до Брисел, но со одмори. Секој ден минуваше по 42 километра. На тој пат минувајќи низ Србија, Хрватска, Австрија, Германија, Холандија и Белгија мина 2.550 километри за 60 дена.

Наредната година, одејќи пешки и возејќи велосипед, Емил Илиќ повторно дојде до Брисел, но овој пат мина 11.000 километри за 67 дена одејќи пешки и возејќи велосипед. Тој прокрстари низ Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Германија, Шпанија, Холандија, Франција, Белгија... (М.М.)


#
Статијата е прочитана 544 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Полн сјај пред 10.000 публика во Скопје
„Синтезис“ на концерти во Канада и во Англија
Тавитјановци со спот за „Јовано, Јованке“
Семејството ме спаси од судбината на Линдзи Лохан
Викторија Бекам го кочи собирањето на групата
Долготрајно складирање податоци
Во страв за бременоста на сопругата
Неандерталци во семејството