СПАЈС ГРЛС
Викторија Бекам го кочи собирањето на групата
Викорија Бекам, наводно, е единствената членка на „Спајс грлс“, која повторно го кочи собирањето на бендот. Американските и британските таблоиди веќе се шегуваат на сметка на овие информации, наведувајќи дека сопругата на Дејвид Бекам му „прави голема услуга на светот“. Во план е „Вива форевер: Мјузикл“, нов студиски албум, ДВД и турнеја на „Спајс грлс“, но со идејата единствено не е воодушевена 36-годишната Викторија.
- Девојките се многу возбудени. Не престануваат да зборуваат за повторното собирање и секоја од нив има мноштво идеи. Очајнички сакаат во поставата да ја вратат и Пош, но тоа стои на мртва точка. Иако и таа самата се' уште е прилично носталгична за старите добри денови, таа со својот живот продолжи натаму и денес, наместо низ пеење се реализира преку модата. Девојките не сакаат да се откажат од неа, но имаат многу планови, па судејќи според се', ќе мораат да се вратат без неа, ако наскоро не се премисли - навел неименуван извор, близок на некогашните членки на бендот. |