Тавитјановци со спот за „Јовано, Јованке“
Кланот Тавитјан, алијас таткото Гаро и браќата Дики и Гаро јуниор засилени со Жељко Бебек, во сабота, на 5 јуни ќе го промовираат видеоспотот за песната „Јовано, Јованке“, што заеднички ја изведоа според нивно музичко видување во последниот албум на Тавитјановци. Спотот е изработен во „Томато продукција“. Промоцијата ќе се случува во клубот „Миднајт“, со почеток во 18 часот, еден ден пред концертот на Жељко Бебек во Универзална сала во Скопје. |