Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Македонија доби „протоколџии“ со диплома

Со свеченоста на доделувањето на дипломите, првата група учесници во Академијата за протокол на Македонија, успешно ја завршија својата обука

Иако често се повикуваат како на закон, луѓето од јавниот живот, особено од политиката и дипломатијата, сепак, за многу од нив зборот „протокол“ се' уште има по малку застрашувачко и апстрактно значење. Нештата и обичаите што навидум се познати од секојдневјето и општата култура, понекогаш знаат да изгледаат збунувачки во некоја одредена ситуација. Познавањето на одредени правила за однесување во јавниот живот, како и умешноста за снаоѓање во изненадни непријатни ситуации веќе може да се добијат во Академијата за протокол на Македонија, од која во изминатава седмица излезе првата генерација „протоколџии“ со диплома.

Со свеченоста на доделувањето на дипломите, првата група учесници во Академијата за протокол на Македонија, успешно ја завршија својата обука по протокол и етикеција, според наставната програма на Школата за протокол во Вашингтон. Обуката, која трае еден и пол месец, го покрива деловниот, дипломатскиот, интернационалниот протокол, бон-тонот на маса и уметноста на говорењето, со дополнителни модули за познавање на виното и на протоколот кај Албанците.

- Групата беше мошне разновидна - тоа беа луѓе од различна професија и возраст, и сите покажаа извонреден ентузијазам и навистина уживав во предавањата и вежбите. По секој модул, беше повеќе од евидентно колку наученото станува дел од нивната личност. Веќе почнаа и да ги забележуваат грешките на јавните личности и тоа беше навистина интересно. На крајот, сите изјавија дека се чувствуваат посамоуверени, посигурни и побогати за едни нови вештини, а јас подобра награда и не можев да очекувам, вели Лукреција Маљковиќ - Атанасовска, консултант по деловна етикеција и меѓународен протокол, која е ексклузивен носител на националната сертификација од престижната Школа за протокол од Вашингтон.

- Во секој случај, ова е извонредна можност за сите деловни луѓе, дипломати, службеници за протокол, новинари, вработени во државните институции и меѓународни мисии и претставништва да го надградат своето професионално портфолио. Никој не може да се смета за успешен доколку ги нема совладано стандардите на убавото однесување - инсистира Маљковиќ - Атанасовска.

Инаку, Академијата својата обука ја организира во групи, не поголеми од 25 лица, заради ефективност на вежбите. (Ј.П.)


Статијата е прочитана 538 пати.

Испрати коментар

Од: од вчудоневиден
Датум: 27.12.2008 10:17:26
Кај нас, скопско и се е можно. Навистина сме раритетни. Па знаете ли што е Протокол, то е добро воспитување пред се, познавање на културите, историјата, традициите и обичаите на народите,знаење странски јазици, основни познавања од политиката, неѓународните односи, меѓународното право, филозофијата, географијата, психологијата и да не редиме уште. Е, ако тоа може да се научи за месец и половина, лал и на професорите и на учениците. Ова што за што говорите погоре во тексторт, односно што го учеле, може само да се нарече некаква бледа осиромашена техника на протоколот и ништо друго. Но, денеска е се бизнис, ако факултетска диплома се купува за неколку илјади евра на разно разни приватни факултети, зашто не и диплома за протокол. Па во светот за стјуардеси се посетува школа от 2 години. Жалосно.
Од: Una
Датум: 27.12.2008 12:05:22
Така е, не може тоа да се научи за месец и половина, но честитки до сопственичката на лиценцата и на оваа Академија, за добро осмислениот бизнис! Во оваа држава проаѓаат разни академии, курсови, оти, луѓето немаат што друго да прават и каде да се вработат!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Купете звучници за 72.000 евра
Менаџерки подготвени за календар
Најубавите и најчудните места за прославување на Нова година
Новогодишни подароци за богатници
Со сигурен чекор на естрадата
Поп-ѕвездата заштитно лице на „Пежо“
Концерт на Мартин Вучиќ