Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Најубавите и најчудните места за прославување на Нова година

Забавата „доместика“ е добра зашто на неа ќе видите многу познати личности, но кога ќе добиете новогодишен бакнеж во Арктичкиот круг ...

Ивона Саздовска


Декември е месец кога и најзаспаните љубители на патувањата, особено оние на кои омилена занимливост им е која било емисија на кабелскиот канал Национална географија, ќе го разбудат немирниот дух во себе со желба за шетање низ новите железнички станици и аеродромски терминали.

Оние другите, на кои им е доволен само еден поглед кон туристичките агенции за да отпатуваат некаде далеку на некое ново и неоткриено место, веќе сигурно ја знаат својата дестинација за дочекот на најлудата ноќ во годината или барем имаат неколку потенцијални градови каде што би сакале да ја почувствуваат празничната атмосфера.

Во овој дел од годината сите градови имаат посебна магија во себе, која најверојатно е производ на милионите светилки што светкаат во ист час, кои се надополнети со мирисот на вареното вино, топлата ванила или вкусното чоколадо, кои може да се сретнат во секоја продавница или на секој излог.

Во таква атмосфера многу е лесно да се донесе авантуристичка и инспиративна новогодишна одлука.

Додека древните Вавилонци по правило одлуките што ги донесувале на последниот ден од годината ги воведувале и во законикот за сите свои сограѓани, вие можете да одлучите заштедениот фонд да го преточите во едно интересно, возбудливо и необично патување, со што Нова година ќе успеете да ја направите посебна и за паметење.

За оние, пак, кои сметаат дека Нова година е уште еден ден повеќе за досадување и трошење пари, може да се угледаат на Шпанците кои секогаш по полноќ лупат и јадат 12 грејпфрути, прикажувајќи го на тој начин циклусот од 12 среќни месеци во годината.

Во јапонските будистички храмови, по доаѓањето на 12 часот, почнува серијата од 108 удари во гонг, со кои се означува бројот на човечките слабости што се откриени од страна на оваа религија.

Жителите на Данска во текот на целата година прават колекција од стари чинии кои точно на полноќ ќе треба да се скршат пред портата на пријателите. Колку повеќе искршени чинии толку повеќе семејството ќе го следи среќа во претстојната година.

По сите овие обреди на славење, малку е тешко да се поверува дека триесет и првиот ден од декември е сосема обичен и нема некоја скриена мистика и симболика.

Можеби и не мора да и' се стави префиксот најлуда, но секако заслужува труд за да биде посебна и поинаква или барем во стилот на она што си го посакуваме во наредната. Затоа низ атласот од поблиски до подалечни дестинации, започнете да ја планирате таа ноќ и не заборавајте со себе да ги понесете новогодишниот дух, малечок Дедо Мраз и, секако, добро расположение.

Единбург - забава што ги надминува сите

Еден од најпознатите облици на дочек на Нова година во светот се случува во Единбург. Прва работа што треба да ја знаете ако се одлучите да отпатувате таму е податокот дека Нова година, всушност, е „Хогменеј“ и се слави повеќе од еден ден. Всушност, славењето започнува на 29 декември и трае се' до вториот ден од годината. Последните денови од старата година се слават со голема поворка од неколку илјади луѓе, кои со факли во рацете ја организираат т.н. огнена река. Со отчукувањето на часовникот на полноќ, сите собрани се фаќаат за раце и започнуваат да ја пеат песната „Старата сјајна земја“, која во многу земји е прифатена како химна на пријателството и добрите стари времиња. Огнометот, уличните перформанси, концертите, вкусното јадење и неизбежното национално виски загарантирано ќе остават посебен белег на новогодишниот престој.

Венеција - каде што се топи и мразот

Во градот на бајките и романтичните приказни, каде што и најголемите циници попуштаат пред атмосферата на пицата и љубовните мостови, можете да ја почувствувате божикната и новогодишната атмосфера. Саемот на мурано стакло, кој се одржува пред Божик, венециската тантела, ароматизираните сапуни придонесуваат за посебна атмосфера, додека на полноќ на плоштадот „Сан Марко“ се менуваат звуците на џез-ритамот претопени во страста на латиномузиката, надополнета со извонреден огномет. Следното утро најхрабрите жители се повикуваат да го посетат островот Лидо, каде што по завршувањето на виенскиот валцер следува капење во морето. Дали ќе одлучите и вие да бидете дел од тоа - останува на вас, но никако не заборавајте да се напиете капучино или да пробате некое вкусно италијанско јадење, како на пример колбаси со суви сливи, што претставуваа специјалитет за Венеција.

Лапонија - најубавата бајка на светот

Зимската идила со белиот снежен покривач вообичаено на најдобар начин ја отсликува бајковитата Лапонија, каде што може да се ужива во возењето со санка што ја влечат ирваси и хаски. Во Рованием може да ја посетите продавницата на Дедо Мраз, а оние кои се' уште веруваат во неговата магија, може да му го остават и своето писмо со желбите што посакуваат да им се остварат во 2009 година. Едно од најголемите доживувања во Лапонија е можноста да заминете на сафари во шумите на Арктичкиот круг, каде што можете да присуствувате на една од најголемите природни претстави, поларната светлина. Игло-рестораните од снег и мраз топло ќе ве пречекаат со вкусна супа и понуда на традиционалните фински јадења. Во споредба со Лапонија, сите останати бајки се студени и неинвентивни.

Трансилванија - богатството на Дракула

Карпатската убавица Трансилванија е идеално решение за оние што сакаат да побегнат за новогодишните празници и да уживаат во харизматичната атмосфера. Средновековните замоци и сакралните објекти како Црната црква претставуваат незаобиколен дел од атракциите на Романија. Од замоците најатрактивни се Пелес и Бран, кој претставува главно седиште на Дракула. Доколку сакате да го оживеете ликот на мрачниот војвода, можно е да ја дочекате Нова година на навистина необичен начин. Тука ќе ве дочекаат келнери, инспирирани од облеката на вампирите, истрошени свеќи и мени, на кое ќе можете да најдете крваво парче месо. За пиење заборавете на шампањското, бидејќи единствено што ќе добиете е крваво црвена вотка.

Њујорк - вкусот на Големото јаболко

Ако се одлучите барем еднаш да го пробате вкусот на Големото јаболко, се' што дотогаш ви се чинело грандиозно и спектакуларно ќе го изгуби својот сјај. Спуштањето на блескавата топка на Тајмс сквер со одбројувањето на милиони гласови кои звучат како еден е веројатно најважниот и најпрепознатлив симбол на Њујорк. Најскапите продавници, најубавите ресторани, најпопуларните претстави и најновите трендови за сечиј стил можете да ги најдете на едно место. Она што може да го бирате е дали ќе ги посетите Петтата авенија, Бродвеј, Сохо. Доколку поминете и само десет минути на славниот Сквер, кој граничи со Бродвеј и Седмата авенија, со шампањско што ви е послужено во хартиена чаша, ќе се почувствувате како да го и��ате светот на дланка.

 


Статијата е прочитана 571 пати.

Испрати коментар

Од: Maci
Датум: 27.12.2008 13:03:02
Prekrasna statija, uzivav dodeka ja citav. Sekoja cest za novinarkata koja so mnogu custvo i duh gi promovirala ovie mesta. Po tolku politika, vakvite tekstovi znacitelno znaat da ne prepustat na sonuvanjeto, pa dokolku ne uspeeme da zamineme barem imame nesto ubavo da procitame. Bravo za Utrinski sto ima vakov kadar koj umee da pisuva, pismen, nacitan i informiran.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Купете звучници за 72.000 евра
Менаџерки подготвени за календар
Македонија доби „протоколџии“ со диплома
Новогодишни подароци за богатници
Со сигурен чекор на естрадата
Поп-ѕвездата заштитно лице на „Пежо“
Концерт на Мартин Вучиќ