Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Купете звучници за 72.000 евра

Звучниците „наутилус“ се меѓу најценетите во светот, звукот што излегува од нив е перфектен.

Криза доаѓа, но тоа не значи дека не се нудат скапи работи. Во најдобрата продавница за хај-фај опрема во Македонија „Болин“, во Градскиот трговски центар во Скопје, можете да ги погледате, послушате, а ако имате пари и да ги купите легендарните звучници „наутилус“ на произведувачот BиW. Но, ќе ви требаат многу пари, дури 72.000 евра. И плус да имате просторија од најмалку 60 квадратни метри каде што ќе ја поставите целата опрема.

Звучниците „наутилус“ се меѓу најценетите во светот, звукот што излегува од нив е перфектен. Речиси никогаш да не посакате да ја исклучите музиката. Изгледот е футуристички, личат на морско коњче.

За да се постигне најдобар звук, за целата мрежа околу „наутилус“ се потребни предзасилувач и засилувач и осум моноблокни или четири стерео засилувачи за драјверите за еден пар звучници. Во „Болин“ така се вмрежени звучниците. Засилувачите преку кои оди звукот се „Мекинтош“. Тие чинат 47.000 евра. Значи, за целата опрема ви требаат околу 120.000 евра.

Премногу? Како за кого. Во продавницата велат дека има повеќе интересенти за оваа опрема. Еден познат скопски бизнисмен речиси и договорил нарачка на целосна ваква опрема. Се разбира, звучниците „наутилус“ во „Болин“ се експонати кои патуваат низ светот, во Скопје ќе останат уште две недели. Нарачката се прави одделно. Поминете во „Болин“, послушајте и уживајте во нестварниот звук. (Д.Р.)


Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар

Од: stereo prazni djepovi
Датум: 28.12.2008 03:14:51
rabotam , imam plata od 280 evra , i eve trcham "BOLIN" da gi kupam zvuchnicite i pojachalata za 120,000 evra, i taka ne znam shto da im pravam na parite ! samo da pobrzam , da ne mi gi kupi pred mene nekoj "stechaec" ! abre sikter tamu , 90% nemozat ni monogramofon da kupat, a vie si igrate kurtashak !

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Менаџерки подготвени за календар
Македонија доби „протоколџии“ со диплома
Најубавите и најчудните места за прославување на Нова година
Новогодишни подароци за богатници
Со сигурен чекор на естрадата
Поп-ѕвездата заштитно лице на „Пежо“
Концерт на Мартин Вучиќ