НБА-ѕвездата Вилијамс во Бешикташ
Еден најдобрите светски бекови, Ол-стар играчот на Њу Џерси, Дерон Вилијамс, е блиску до турскиот Бешикташ. Тренерот на овој клуб Ергин Атаман вчера кажа дека договорот ќе биде официјализиран во наредните 24 часа. Вилијамс во тој договор ќе има опција за враќање во Америка, штом локаутот го добие својот епилог.
Откога почна локаутот постојано се зборува за потенцијални трансфери на НБА играчи во Европа. Според зборовите на претседателот на Бешикташ Сефер Јалцин обезбеден е и потпис од центарот на Атланта Хоукс, Заза Пачулија.
Судејќи по се' тоа не е крај на амбициите на Бешикташ.
„Ќе разговараме и со агентот на Коби. Би било фантастично да им се придружи на Дерон и Пачулија“.
Дерон Вилијамс покрај Двајт Хаурд и Крис Пол е еден од најдобрите играчи кои вероја��но ќе бидат слободни играчи летото 2012 година. Во кариерата бележи 17,2 поени и 9,2 асистенции по меч.
Минатата година Бешикташ го ангажираше Алан Ајверсон и тоа беше еден од најголемите трансфери од Америка во Европа во историјата на кошарката. |