Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Пеналите во Белфаст кобни за Ренова

Сашко Ѓ. Димовски

Ренова не успеа да се пласира во второто коло во квалификациите за Лига Европа. Тимот од тетовско Џепчиште отпатува во Белфаст со еден гол позитива (2:1), но со идентичен резултат загуби од Гленторан во регуларното време од реваншот во Северна Ирска. За составот на Скот Јанг поентираа Кларк во 31 минута и Мари во 74 минута, единствениот погодок за нашиот претставник на „Овал“ стадионот беше дело на Исмаили. Мрежите мируваа во продолженијата 2х15 минути по што се пристапи кон изведување на серија пенали. За домашните погодија Ватервурт, Бојс и Хил (промашија Мари и Хауланд) и обезбедија двомеч со украинска Ворскла Полтава во наредната рунда. Прецизни за Ренова беа Симовс��и и Нухи, неуспешни во ударите од белата точка беа Исмаили, Статовци и Гафури.

Ренова го заврши мечот со фудбалер помалку по исклучувањето на напаѓачот Бобан Јанчевски. Мечот го почна од клупата, во игра влезе во 52 минута, а четири минути пред крајот на второто продолжение доби втор жолт картон што автоматски значеше црвен.

Тимот на Билбил Соколи ниту овојпат не успеа да прекине една непријатна традиција во европските настапи. Ова е четврти гостински пораз за Ренова по оние кај Бнеи Шахнин, Динамо Минск и Омонија, непоразена успеа да остане само во Риека (0:0) кај истоимениот хрватски состав во квалификациите за Интертото купот во 2008 година. Тоа всушност е единствениот европски двомеч што тетовци успеаја да го минат досега во учествата во меѓународните натпреварувања.

Гленторан - Ренова 2:1

(прв меч 1:2, на пенали 3:2)



Полувреме: 1:0. Стадион: „Овал“ во Белфаст. Гледачи: 2.000. Главен судија: Петери Кари. Помошници: Еса Вехвилаинен и Јуко Иконен (сите тројца од Финска). Жолти картони: Никсон, Тејлор, Хауланд (Гленторан), Елези, Емини, М. Степановски, Јанчевски (Ренова). Црвен картон: Јанчевски (Ренова). Стрелци: Кларк во 31 минута, Мари во 74минута за Гленторан, Исмаили во 59 минута за Ренова.

Гленторан: Хог, Никсон, О’Кејн (Карсон), Кларк, Тејлор, Хил, Вард, Ватерворт, Бојс, Чери (Хауланд), О’Хенлон (Мари). Тренер: Скот Јанг.

Ренова: Елези, Трајковски, Статовци, М. Степановски, Ристов, Бајрами (Гафури), Гаши (Јанчевски), Емини, Нухи, Исмаили, Симовски. Тренер: Билбил Соколи.


#
Статијата е прочитана 640 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 09.07.2011 00:11:16
Taka e toa so ramkoven fudbal sekoja godina ja stramat drzavava. Teteks kako gi dobile Litvancite ?. Neregularno prvenstvo alo dobo toa site go znat. Ama barem ne pisuvajte tone makedonskiot koga se zna pricinata, Ajde bre nitu policajci, studenti i kuvari i kasapari od severna irska ne moze da dobiat.

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички ја збриша Транс Нарва
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Костарика ја совлада Боливија, Аргентина виси
Првенец на Хаген на Тур де Франс
Батон нема да скока од радост во Силверстоун
Геј опериран и ја заврши сезоната
НБА-ѕвездата Вилијамс во Бешикташ
Пораз до пораз во Умаг

"""