Првенец на Хаген на Тур де Франс
Норвежанецот Едвалд Боасон Хаген ја забележа својата прва победа на Тур де Франс, откако стигна прв на целта во шестата етапа. Хаген го искористи импресивното возење на својот тимски колега Жеран Томас за да го победи Австралиецот Мет Гос во самиот финиш од етапата долга 226,5 километри од Денан до Дисје, со што му ја донесе и првата етапна победа на Тур на тимот на Скај.
Норвежанецот Тор Хусховд стигна трет на целта и го задржа водството во вкупниот поредок. Трикратниот победник Алберто Контадор, кој смени два велосипеда во последните 30 км, ги нападна водечките во краткото, но напорно искачување при крајот на етапата, но, со „оловни“ нозе по дождливиот ден Шпанецот, се стопи со колоната.
Резултати ��д шестата етапа: Едвалд Хаген (Норвешка/Скај) 5:13,37 ч., Мет Гос (Австралија/ХТЦ) исто време, Тор Хусховд (Норвешка/Гармин) исто време итн.
Вкупен поредок: Хусховд 22:50,34 ч., Кадел Еванс (Австралија/БМЦ) + 1 секунда, Франк Шлек (Луксембург/Леопард) +4 секунди итн. |